16:31 - 6 ноември, 2026

Плејбој-зајачица зборува за Леонардо ди Каприо: „Тој е стар и чуден, со чудни преференци во кревет“

Моделот на Плејбој, Хајке Конингс, зборува за средбата со Леонардо ди Каприо во ноќен клуб. Ова го пренесува Дејли меил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ♥ HIEKE ♥ (@hieke_konings)

„Тоа беше средба во таен клуб во Лос Анџелес, каде што можете да влезете само со покана. Го видов како седи во црн дуксер и со капа, и остваривме контакт со очите“, изјавила манекенката.

Таа, исто така, го нарече актерот премногу „стар и чуден“ и одбила да оди во неговиот дом бидејќи слушнала од пријателите за неговите „чудни преференци во кревет“.

Леонардо ди Каприо моментално е во врска со моделот Виторија Черети. Гласините за нивната романса се појавија во мај 2023 година. Тогаш познатите личности биле забележани додека се шетале во Кан. На почетокот на септември, актерот и моделот беа снимени како се бакнуваат во ноќен клуб на Ибица. Во јануари, љубовниците беа забележани на уште еден романтичен состанок, поточно беа уловени од фотографите додека го напуштале популарниот ресторан Нобу.

Во август 2022 година, Леонардо ди Каприо раскина со манекенката Камила Мороне. Љубовниците се забавуваа околу пет години, но не објавуваа заеднички фотографии на социјалните мрежи и не позираа заедно на социјални настани.

Слични објави

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо

(Фото) Маја Шупут го покажа своето ново милениче: „Ни ги украде срцата“

Еспресо

(Фото+видео) Фризурата на Тамара Калиниќ ги освои жените, еве како да ја направите

Еспресо
Се вчитува....