6.8 C
Скопје
12:07 - 22 јануари, 2025

Планот за убиство на ЗЕЛЕНСКИ: „Немавме воено искуство и не знаевме што се случува“

Ноќта на 24 февруари, додека руските бомби паѓаа од небото врз градот Киев, а главниот град на Украина се разбуди со веста за нападот, војниците на специјалниот корпус со падобрани се спуштиле во градот со задача да упаднат во претседателската палата, да го киднапираат или да го убијат Володимир Зеленски, неговата сопруга и двете деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TIME (@time)


Приказната за неуспешниот обид, ја раскажува американското списание Тајм. Новинарот на неделникот Симон Шустер бил овластен да го следи украинскиот претседател две недели во засолништата каде што ја координира одбранбената активност на неговата земја и од каде комуницира со политичари од целиот свет во очајна борба да го зајакне вооружувањето кое досега му дозволуваше да се спротивстави на инвазијата.

Портретот што е прикажан, е портрет на човек длабоко обележан со искуството што го доживеал во последните два месеци. Сè уште може да наслони на искуството на актер, вклучувајќи го и појавувањето пред камерите, по повод бројните меѓународни апели што ги напиша со своја рака и ги искажа пред светот, но често вознемирен од умор на крајот од денот, кога брчките кои му го избраздуваат лицето се поочигледни, а кога сомнежите и стравот за она што се случува околу него стануваат поживи и реални, со доаѓањето на ноќта, пишува Тајм.

Во моментот на раскажување на клучните часови од почетокот на војната, Зеленски го предупредил новинарот дека сеќавањето на првата ноќ му е фрагментирана, скршена од шокот што го погодил.Претседателот и некои од неговите најблиски соработници доаѓаат од светот на забавата и уметноста; тие немаа воено искуство и немале поим што ќе се случило.

Било темно кога на 24 февруари бомбите за првпат го погодиле Киев. Зеленски му рекол на Шустер дека неговата сопруга Олена Зеленска, 17-годишна ќерка и деветгодишното момче  биле со него во тоа време, а агентите на Тајната служба сè уште не успеале да ги одведат на безбедно кога разузнавачката служба пристигнала поради алармантната вест.

Војниците од руските специјални сили пристигнале во градот со падобрани и требале да упаднат во Палатата.

Одбраната во најдобар случај била импровизирана со барикади што ги блокирале пристапните патишта. Експлозиите на огненото оружје се слушале со најголема јасност, на неколку метри од прозорците на зградата. Нападот бил одбранет, а потоа веднаш започнала војната. Наместо да се затвори во безбедно засолниште, Зеленски продолжил да живее и да работи во импровизирани претседателски канцеларии, со прозори затемнети со вреќи со песок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TIME (@time)

Неговиот хипотетички наследник, претседателот на парламентот и личен пријател Руслан Стефанчак, наместо да се затвори на посебно место за да се избегне двојно губење на власта, веднаш се упатил кон локацијата на претседателот, како што направиле и другите соработници. Засолнувањето од бомбардирањето траело една недела. Осмиот ден Зеленски излегол со двајца службеници, без придружба.

Сакал да го види својот народ, да види сам што се случува. Сликите што ги видел тој ден и на последователните прошетки станале кошмари што сега го вознемируваат навечер, кога тој продолжува да зјапа во екранот на мобилниот телефон во мракот, дури и ако повеќе не добива пораки. „Остарев под тежината на мудроста што не би ја сакал“, признал претседателот. „Таа е составен од бројот на Украинци измачувани од Русите и од оние кои умреле од нивна рака“, пишува неделникот, пренесува месеџеро.ит.

 

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ сака да се омажи со Рале во црква до гробот на патријархот Павле: Тајно го посетила манастирот!

Еспресо

„Возев мотор на задното тркало“: Дејан Матиќ откри детали за детството, татко му не верувал дека е слеп

Еспресо

(Фото) Северина ужива на Малдиви и ја чита книгата на Ведрана Рудан: „Нејзиниот филм на јахтата ја оживеа Југославија!“

Еспресо

(Фото) Пожешка и од песокот во Дубаи: Теодора Џехверовиќ им го помати умот на мажите со секси фотографии

Еспресо

Хороскоп за 22 јануари: Овните ќе ги решат проблемите, Вагите ќе уживаат во љубовта, а вие?

apostolova

Трогателен момент во кариерата на Петар Грашо: Сними дует со двегодишната ќерка

Еспресо
Се вчитува....