25.8 C
Скопје
16:40 - 5 мај, 2024

МЕГАН ФОКС открива: „Ме исмејуваа што зборував за холивудската ОМРАЗА КОН ЖЕНИТЕ!“, „Мојата интелигенција не е сфатена од Холивуд“

Холивудската глумица открива: „Ме исмејуваа што зборував за холивудската мизогинија на почетокот на мојата кариера“.

Меган Фокс неодамна даде интервју за Glamour UK и зборуваше за тоа колку била исмејувана на почетокот на нејзината кариера бидејќи зборувала за мизогинијата во Холивуд. Актерката често зборуваше за тоа колку била објективизирана на сетовиве, односно гледана како предмет.

Дополнително, во минатото, таа осудуваше колку е морничаво да се танцува во бикини под водопад на 15-годишна возраст додека снимала мал дел во филмот Bad Boys 2. Сега, Фокс вели дека решилапосебно да се позанимава со холивудската мизогинија, иако тоа го направи и многу порано преку движењето #MeToo.

Во неодамнешното интервју за Glamour, Меган Фокс рече: „Мислам дека сум напред пред движењето #MeToo речиси една деценија. Отсекогаш сум зборувала против некои навредливи, мизогини и патријархални работи што се случуваа во Холивуд во 2008 и 2009 година, долго пред луѓето да бидат подготвени да го прифатат или толерираат. А всушност бев исмеана што го направив тоа. Мислам дека луѓето штотуку „најдоа“ време да се позанимаваат со тоа, во ретроспектива“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Меган Фокс рече дека поради сето ова никогаш не зажалила што го кажала своето мислење за филмската индустрија, додавајќи:

„Жалам што мојата личност е толку несфатена за луѓето, мојата смисла за хумор е несфатена. Мојата интелигенција не е препознаена. И тоа е за жалење. Понекогаш се чувствувам како да ја трошам енергијата, давајќи им се на луѓе кои не ме разбираат и нема да ме ценат, но никогаш не сум имала момент кога ќе погледнам наназад и ќе помислам: не требаше да го кажам тоа. . Дури и страшните работи ме натераа да работам толку напорно на себе што пораснав поради тоа“.

Слични објави

(Фото) Цеца на полноќна литургија: „Верник сум…“

еспресо

(Фото+видео) Еве како изгледа вилата на Јована Јеремиќ: Базен, лозје и поглед кој го одзема здивот

Еспресо

Астропрогноза за недела, 5 мај: Биковите да размислуваат позитивно, Јарците ќе напредуваат во кариерата

еспресо

„Црна низа“ денови: Судбината ќе ја тестира силата на два хороскопски знаци

еспресо

Кејт Мидлтон е подготвена да ѝ прости на Меган Маркл: „Нивните деца се во никакви односи“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ за Велигден во манастирот Свети Никола: „Многу се радувам…“

еспресо
Се вчитува....