03:41 - 12 јули, 2026

Пике и Клара Чиа планираат свадба: „Без голема помпа, елегантна интимна церемонија“

Во последните часови се појави она што може да биде вистинска бомба во врската меѓу Жерар Пике и Клара Чиа. Поранешниот фудбалер размислува да донесе одлука во врска со неговата сегашна девојка, правејќи нешто што никогаш не го правел во претходната врска со Шакира.
Доколку гласините се точни, тоа би можело да биде дополнителен мотив пејачката да му се налути. Можеби за оваа вест ќе добиеме и нова песна од Шакира. 
Според шпанската емсија „Фиеста“, поранешниот играч на Барселона и Клара Чиа планираат да се венчаат бидејќи „тие се многу заљубени“. Не заборавајте дека Пике и Шакира, кои во нивната 11-годишна врска имаа две деца, не се венчаа. Иако во овој случај, тоа може да има повеќе врска со Шакира отколку со Пике, бидејќи пејачката не беше за свадба, како што призна во некои минати изјави.

“Тоа многу ме плаши. Не сакам тој да ме гледа како сопруга, повеќе сакам да ме гледа како своја девојка”, изјави своевремено Шакира.

Сè што е поврзано со Пике и Клара беше извор на гнев за Шакира, како што покажа во нејзините најнови текстови во хит песните, меѓу кои и најпопуларната „BZRP Music Sessions 53“. Песната стана хит ширум светот, поради што нејзината разделба со поранешниот играч на Барселона стана неизбежна тема за разговор во јавноста.

Што се однесува до Пике и Клара Чиа, нивната врска секој ден е се посилна. Тие со недели живеат заедно, официјално, во стан кој поранешниот фудбалер го има во еден од најлуксузните области на Барселона.

За тоа како ќе биде венчавката, во споменатата емисија беа откриени неколку впечатливи детали: „Зборуваат пред се за тоа како Клара би сакала да изгледа нејзината венчавка. Таа не сака да биде голема свадба, таа сака настанот да биде нешто многу интимно и не сака да биде ништо повеќе од вест“.

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....