7.8 C
Скопје
22:04 - 31 март, 2026

ПЕТОК Е ! МОЖЕ ДА СЕ ПОЧЕСТИТЕ: Чоколадна торта со само 200 калории и супер брза за подготовка

Unsplash

Обично навечер скоро секогаш ни се пријадува нешто слатко и калорично, како на пример: чоколадна торта.
За да не јадете и овој пат со грижа за совест ви ја предлагаме оваа алтернатива во форма на брза „диетална“ чоколадна торта.

Состојки:

  • 3/4 чаша брашно
  • 1 чаша шеќер (по можност кафеав)
  • 2 полни лажици какао во прав
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 3/4 лажичка сода бикарбона
  • 1 јајце
  • 1/2 чаша млеко
  • 2 лажички масло
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги сите суви состојки – брашно, шеќер, какао, сол, прашок за пециво и сода бикарбона. Во посебен сад измешајте ги останатите состојки, потоа додадете ги сите состојки и измешајте сè добро додека не добиете хомогена смеса.

Загрејте половина чаша вода и кога ќе зоврие додадете ја во смесата и сè добро измешајте. Загрејте ја рерната на 180 степени, истурете ја смесата во калап и печете 30-40 минути,

Кога тортата ќе се олади, исечете ја на 12 парчиња – пресметајте дека секоја има околу 200 калории.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....