10.2 C
Скопје
04:12 - 27 април, 2024

Петок 13-ти: 12 работи кои треба да ги знаете

петок 13ти

Одење под скала или, не дај Боже, црна мачка што ви го блокира патот – многумина веруваат дека петок 13-ти носи несреќа. Иако не се знае точно од каде потекнува суеверието за оваа бројка, таа се провлекува низ планетата со векови. Некои згради имаат максимум 12 спрата. Дали е во прашање само естетска одлука на архитектот или станува збор за претпазливост, не може да се тврди со сигурност. Понекогаш бројот 13 е намерно прескокнат при обележување на спратовите.

1. По 12 доаѓа 13

Многумина го гледаат бројот 12 како целина. Меѓу другото, годината има 12 месеци, има 12 хороскопски знаци, 12 подвизи на Херкулес, па дури и 12 полустепени во музичката октава.
Упатувањата се бесконечни. И така, според не многу јасна логика, 13 не е само следниот, туку е и
злонамерен број.

2. Нецелосен код на Хамураби законот

Според  магазинот „Тајм“  ,во еден од најстарите правни документи, „Законот Хамураби“, недостасува член 13. Некои веруваат дека членот 13 бил намерно изоставен, но  различни извори зборуваат за различни членови од законот што недостасуваат. Сепак, суеверните луѓе го сметаат дури и митот како доволен доказ дека лошата среќа што живее во бројот 13 оди далеку во минатото.

3. Исус и 12-те апостоли

Вкупно 13 лица на тајната вечера. Според библиските пшреданија, Исус Христос бил распнат на крст следниот ден. Во петок. Некои веруваат дека од таму потекнува верувањето дека 13 гости на вечера
претставува лош знак

4. Темплари кои навистина немале среќа

Стотици витези Темплари беа уапсени во петокот, на 13 октомври 1307 година, по наредба на францускиот крал Филип IV. Обвинети за бројни незаконски дела, многу Темплари подоцна беа погубени. Некои го поврзуваат овој настан со почетокот на суеверие за петок 13-ти, но, како и многу легенди за Темпларите, и овој дел од историјата останува маглив.

5. „Добредојдовте во Клубот Тринаесет, само поминете под скалата“

Кон крајот на 19 век, капетанот Вилијам Фулер од Нујорк одлучи да ја отстрани стигмата околу бројот 13. Тој беше особено иритиран од „правилото“ избегнување 13 гости на вечера. Фулер добил, некој би рекол, радикална идеја – да го основа Клубот Тринаесет. Членовите на Клубот Тринаесет редовно се собираа на вечера, секој 13-ти во месецот во просторијата број 13 од вилата на Фулер.

Пред да започнувале со вечерата, која се состоела од 13 различни јадења, членовите на клубот поминувале под скалата и гласно го читале натписот над нивните глави – Моритури и Салутамус , латинска изрека што значи „Те поздравуваат оние што ќе умрат “. Четири американски претседатели, вклучувајќи го и Теодор Рузвелт, биле
членови Клубот Тринаесет.

6. Петок тринаесетти во печатот

Една од клучните точки во историјата на петок 13-ти е објавувањето на романот Петок тринаесетти од авторот Томас Вилијам Лосон. Романот е објавен во 1907 година и ја следи приказната за брокер од Нујорк, кој играјќи со суеверие, сака да предизвика хаос на Волстрит и со тоа да профитира. Ќе признаете, многу помирно сценарио од филмското, создадено скоро два века подоцна.

7. Петок 13-ти: Од најстрашниот до страшно лошиот филм

Откако во 1980 година Петок тринаесетти на режисерот Шон Канингам пристигна во киносалите , снимени се уште 11 продолженија. Можеа барем да заокружат на 13. За 29 години, во опсегот во кој се појавија продолженијата, Џејсон – убиец со хокеј маска што ќе стане составен дел на костимите за Ноќта на вештерките – уби повеќе од 150 луѓе, беше во вселената, во пеколот.

8. Петок 13-ти по психологијата

Стравот од бројот 13 има професионално име – трискаидекафобија . Сепак, постои и потесен поим кој конкретно се однесува на стравот од петок 13-ти – параскаведекатриафобија . Овој страв е исто така наречен фригатрискаидекафобија

9. Што лошо се случило во петок 13-ти?

Последната историја е полесна за документирање. Има несреќи што се случија баш на петок 13-ти, како што е германското бомбардирање на Бакингемската палата на 13 септември 1940 година.
Во петокот, на 13 ноември 1970 година, Бангладеш беше погоден од циклон во кој загинаа повеќе од 300.000 луѓе. Познатиот американски рапер Тупак Шакур беше убиен на 13 септември 1996 година. Италијанскиот композитор Џоакино Росини почина на 13 ноември 1868 година. Неговата биографија сведочи дека тој сметал дека бројот 13 и петокот ги сметал за несреќни..

10. Петок 13-ти во фудбалот

Се покажа дека фудбалерите не се помалку суеверни, бидејќи има натпреварувања што им овозможуваат на тимовите да го прескокнат бројот 13. Сепак, тоа не е случај со Светското првенство. Откако во 1954 година беа воведени броевите од 1 до 22, секој тим е должен да регистрира по еден храбар играч кој ќе носи бројот тринаесет на грбот. Џим Викс, новинар на  порталот  Вајс, кој се занимавал со феноменот број 13 во фудбалот, во 2017 година дојде до информација дека на 16 Светски првенства – колку до тој момент се одиграле – играчи со бројот тринаесет настапиле во финалето девет пати. Победници пет, а поразени четири пати. Кога станува збор за (не) среќните дресови, Германците доминираат на полето на шампионските тринаесетки.

11. Петок 13-ти во бројки

Сепак, постојат контрадикторни податоци за бројки што можат да ја поддржат или побијат теоријата дека 13 е малерозен број. Студијата на британскиот медицински журнал од 1993  година  откри
„значително зголемување“ на бројот на несреќи во петокот 13-ти. Холандско истражување покажа дека е помала веројатноста да имате несреќа во петок 13-ти, бидејќи луѓето се повнимателни, токму поради суеверие, објави  Индипендент . Телеграф, во 2005 година спроведе истражување, анализирајќи ги освоените Лото топки од 1994 година. Откриено е дека бројот 13 е најнесреќниот број, бидејќи бил извлечен само 120 пати, во споредба со бројот 38, кој бил извлечен 182 пати.
Се разбира, невозможно е да се предвиди кои броеви ќе бидат најсреќни во иднина.

12. Што е полошо: петок тринаесетти или седумнаесетти?

Можеби овде петок 13-ти е вистински хорор, но во Италија, опасноста се заканува од петок 17-ти.
Суеверните Италијанци особено се плашат од петок 17-ти, кој наводно датира од римскиот број XVII.
Имено, кога распоредот на цифрите се помеша, може да се добие зборот VIXI. Преведено од латински, VIXI значи „мојот живот заврши“. Денес е петок тринаесетти. За секој случај, бидете повнимателни. И обрнете внимание на мачки и скали.

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....