9.8 C
Скопје
18:23 - 30 март, 2026

Пејачите се простуваат од блискиот пријател: По долга битка со ракот почина Дејан

Пејачите се простуваат од нивниот пријател гитарист, кој по долга битка со канцерот почина вчера.

Гитаристот Дејан Божиновски беше омилена придржуба на многу пејачи, а за него пејачот Филип Јордановски напиша:

-После долга битка со злото, не напушти Деки. Мојот другар, пријател, гитарист, фотограф…ангелска и искрена душа…живееше за музиката, гитарата и се радуваше на секоја свирка која ја имавме заедно…едноставно уживавме…ширеше позитива насекаде, беше и ќе остане единствен!
Твојата душа го заслужува најубавото место во рајот… секогаш ќе бидеш присутен во секоја отпеана песна, отсвирен акорд, жива свирка..Почивај во мир другар, сочувство до семејството. Погребот ќе се оддржи утре на гробиштата во Драчево, 12ч. во капела“, напиша Јордановски.
Фото/ Фејсбук
Од Божиновски се прости и Ана Петановска со овие емотивни зборови:

-Деко – дефиниција за најдобар другар и вистинска несебична љубов, најчистата душа. Се лутам многу што немаме повеќе време на земјава да те зезам и да те замарам да свириме блуз (знам дека сакаше и ти!)

Ќе имаме шанса да се видиме пак верувам и ќе се пресметаме кој повеќе пиво ќе испие…засекогаш ќе те обожавам, спомените не заминуваат, а ти исшармирај ги горе како што правеше и тука… Нека ти е светол патот другарче драго. Свети најсилно“, напиша Ана Петановска.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....