21.8 C
Скопје
17:03 - 1 мај, 2024

Патот кон себе: Кризите и како се справуваме со нив

Енергетска криза, финансиска криза, воена криза. Живееме во време на многу кризи и кризите се составен дел од животот на глобално, на општествено, како и на лично ниво.

Кинескиот збор за криза е составен од два знака: едниот означува опасност, другиот – точка на пресврт, што се толкува како шанса.

Личниот раст не се случува главно кога сме во комфор зона и сè оди по зацртаниот тек. Човек тогаш не е мотивиран да изнаоѓа креативни решенија и да се бори да се надминат предизвиците. Оттука, кризите се тие што нè прават посилни и помудри.

Тоа е шансата што кризите ја нудат. Опасноста, пак, лежи во тоа да не се најде соодветен одговор на новонастанатата ситуација и кризата да се продлабочи со последици по менталното здравје, како анксиозност, панични напади, депресија и слично.

Зборот криза генерално се однесува на ситуација што човекот ја перципира како дестабилизирачка.
Трауматските кризи се најчесто ненадејни и непредвидливи „удари“ на судбината, како смрт на близок, болест, инвалидитет, нарушување на партнерска врска поради напуштање или прељуба, како и природни катастрофи како што е актуелната пандемија.

Транзициските кризи настануваат како последица на крупни промени во динамиката на животот како пубертет, бременост, брак, пензионирање.

Во сите тие новонастанати ситуации, личноста е исправена пред предизвик да се адаптира позитивно на промените и да создаде повторно „комфор зона“ во новонастанатата ситуација. Ако личноста не најде соодветни механизми на поставување и адаптација кон промените, кризата ќе премине во опасност по менталното здравје на личноста.

Битно во надминување на кризите е да се најде нова смисла во новонастанатата ситуација за што е битен и мајндсетот. Дали ние развиваме мајндсет насочен кон решенија или сме пасивни консументи на приликите и се чувствуваме беспомошни во справување со предизвиците. Од капацитетот на личноста за адаптација кон промените, во голема мера зависи и (не)успешноста во справување со кризите.

Кризите не се лесни, а особено тешки се трауматските кризи. Тогаш личноста природно поминува низ неколку фази додека да дојде до можност да бара нова смисла во новонастанатата ситуација.

Една голема криза со која во изминатиот период се соочи човештвото беше корона-пандемијата.
За некого беше трауматска криза, како загуба на близок, но и загуба на значителна материјална сигурност, до дискомфорт или граници на безначајност за друга личност во светот.

Психологот Даниел Гилберт во книгата „Сопнувајќи се на среќата“ вели дека резилиентноста не е привилегија на „генетски“ предодредените, туку е всушност неочекувано висока кај многу голем број луѓе. Тој тоа го објаснува со постоење психолошки имун систем, кој се активира при „напад“ на идентитетот, слично на физиолошкиот. Тој психолошки имун систем делува така што при трауми или напад на идентитетот, постои тенденција да се најде позитивен контекст, кој ја потврдува личноста во секакви околности.

Тој цитира три вистински сведоштва за луѓе што тврдат дека по трауматски кризи, всушност се многу среќни.

„Се чувствувам многу подобро во физичка, материјална и секоја друга смисла“, е изјава на човек откако ја загубил политичката кариера. Џим Рајт, поранешен спикер на Претставничкиот дом во САД, дал оставка откако е откриено дека прекршил етички кодекс и се здобил со неоправдани привилегии.

„Беше тоа возвишено искуство“ – изјавил Мориз Бикхам по отслужување 37,5 години затвор затоа што во самоодбрана убил припадник на Кју Клукс Клан. Живеел 98 години.

„Сега ги ценам многу повеќе другите отколку порано“ – е изјавата на актерот Кристофер Рив што го глумеше супермен, кој остана парализиран по пад од коњ.

Позитивените релации и стручната поддршка имаат големо влијание врз исходот на кризите. Да се побара поддршка од близок, од некој што нè поддржува како личности или, пак, стручна поддршка е битен чекор за личност полесно да ги преброди предизвиците. Оттука, релациите со луѓето што ни значат и на кои им значиме е важно да се негуваат и надвор од ситуација на криза.

Ида Протугер, психолог, тренер за личен и организациски развој
www.idaprotuger.com

Слични објави

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го покажа синот: Нежни мигови со слаткиот Марио

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ ќе стане милионер: Еве каков бизнис започна, а мама е горда!

еспресо

Астропрогноза за среда, 1 мај: Овните ќе носат одлуки, за Водолиите интересни познанства

еспресо

Цеца одговори дали Вељко ќе добие национална пензија: „Не се потресувајте…“

еспресо
Се вчитува....