20.8 C
Скопје
23:41 - 8 септември, 2026

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

За македонскиот пејач Дарко Илиевски кој живее во Америка 2025 беше многу тешка година. Во рок само неколку месеци, тој ги загуби и мајка му и татко му.

Во август, почина неговито татко, а пејачот дојде во Скопје од Флорида само неколку дена пред да се случи тоа.

-Почивај во мир, татко мој. Ти беше мојот најголем пример за сила, чесност и борба. Секогаш ќе ја паметам твојата добрина и твојата жртва за нас. Засекогаш ќе ми недостасуваш- напиша пејачот тогаш. Во декември, тој ја загуби своката мајка.

Пејачот скршен од болка, со трогателна објава на социјалните мрежи се прости со неа.

-Драги пријатели, со голема болка ве известувам дека денес си замина и мајка ми… болката е преголема, тишината боли! Ми замина најголемата љубов. Мамо, те сакам најмногу! Чувајте се со тато. Доколу сè уште ги имате своите родители, застанете една минута, јавете им се и кажете им дека ги сакате…еден ден ќе немате можност да го направите тоа! – напиша Дарко во својата објава на социјалните мрежи.

Македонскиот пејач кој се прослави со шоуто „Идол“ со сопругата Ивана имаат две деца, синот Матео Ноа и ќерката Ана Ирена. Неговата убава сопруга му е голема поддршка во тешките мигови, а неодамна тој објави нивна заедничка фотографија. Инаку, Дарко во Америка организира настапи на наши пејачи и забави за иселениците од Балканот.

Фото / Инстаграм

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....