18.8 C
Скопје
16:16 - 11 март, 2026

Ова не смеете да го правите на Светското првенство: Погледнете што е забрането во Катар

Овие забрани ги шокираа навивачите кои сакаат да одат и да ги бодрат своите репрезентации на мундијалот.

Наскоро започнува светското првенство во фудбал во Катар што ќе трае од 20 ноември до 18 декември, а навивачите останаа шокирани кога видоа што сѐ е забрането на претстојниот мундијал.

На еден од транспарентите за добредојде во оваа земја се појави список на работи кои се забранети и на кои ќе мора да се внимава. Казните за прекршување на овие правила се високи, па освен апсење и одење во затвор може да дојде и до депортација, а се спомнуваат и кривични дела казниви со смрт.

Фотографијата од контроверзниот транспарент за кратко време се појави на социјалните мрежи.

„Почитувајте ја религијата и културата на луѓето во Катар така што нема да го правите следново“, е наведено на почетокот, а потоа пишува што сѐ е забрането да се прави.

„Не смеете да пиете алкохол, да употребувате пцовки, да не покажувате почит кон религиозните обележја, забранет е хомосексуален секс, забранета е гласна музика и повишен тон, забрането е излегување и бакнување во јавност освен ако не сте во брак, не смеете да фотографирате луѓе без нивна дозвола, на жените им е забрането да се облекуваат оскудно“, стои во транспарентот.

Сето ова предизвика голема врева. Јасно е дека фудбалот предизвикува големи емоции кај навивачите, особено ако нивниот тим загуби, па јасно е дека има многу работи кои дефинитивно нема да можат да ги контролираат, како пцовки, повишен тон, гласна музика и слично, а јасно е дека може да настанат големи проблеми и поради забраната за алкохолни пијалоци.

Дефинитивно ќе биде интересно да се види дали властите во Катар ќе „прогледуваат низ прсти“ за некои работи или сепак строго ќе ги почитуваат правилата.

Во продолжение можете да ја слушнете официјалната песна на мундијалот.

Слични објави

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.
Се вчитува....