15.8 C
Скопје
14:07 - 10 март, 2026

Откриено е: Кој од кралското семејство ја поттикнал Кејт Мидлтон да зборува за ракот

Странските медиуми пишуваат кој ја охрабрил Кејт Мидлтон отворено да прозборува дека се соочува со канцер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ExtraTV (@extratv)

Токму британскиот крал Чарлс Трети ја охрабрил принцезата Кејт Мидлтон отворено да ѝ каже на јавноста дека ѝ бил дијагностициран рак, пренесува Дејли меил.

Според изворот, Кејт Мидлтон се зближила со британскиот крал во текот на изминатите неколку недели бидејќи во јануари заедно биле во болница во Лондон. Изворот вели дека принцезата од Велс била инспирирана од поддршката и топлиот одговор што Чарлс Трети го добил откако објавил дека има рак. Овие зборови ги потврди и кралски инсајдер за „Тајмс“.

„Еден од факторите што влијаеше на одлуката на Кејт и Вилијам да излезат во јавност беше топлината и поддршката што кралот ја доби по неговата објава. Тоа му значеше многу. На некој начин тој ѝ послужи како модел“, вели изворот.

На 16 јануари, Кејт Мидлтон беше хоспитализирана во клиника во Лондон. Истиот ден таа имаше операција. Според претставници на кралското семејство, операцијата била планирана. Извор подоцна рече дека сопругата на принцот Вилијам ќе се опоравува дома.

На 22 март, Кејт Мидлтон официјално објави дека моментално минува низ раните фази на  превентивна хемотерапија. Ракот е откриен за време на тестовите направени по операција на абдоменот. По ова откритие, кралот на Велика Британија изјави дека е горд на храброста на принцезата.

Сите болести на Кејт Мидлтон: Пред ракот имала голем број други проблеми

Слични објави

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin

(Фото) Ова е зетот на Жељко Самарџиќ, му правеше друшвтво на посебен настан

msp-admin

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.
Се вчитува....