16:50 - 2 април, 2026

Остра порака на ќерката на Роберт де Ниро до дилерите на дрога по смртта на нејзиниот син: „Вие го убивте“

На почетокот на неделата се појави вест која го потресе семејството на Роберт де Ниро.

Леандро де Ниро Родригез, син на Дрена де Ниро и внук на еден од најголемите актери во историјата на кинематографијата, Роберт де Ниро, почина на 19-годишна возраст во чудни околности.

Пријател на починатиот млад човек го пронашол неговото безживотно тело во стан, откако бил исчезнат неколку дена.

Причината за смртта тогаш не беше позната, но кога смртта на Леонардо стана официјална, неговата мајка се огласи на социјалните мрежи за да објави порака полна со тага и љубов за нејзиниот син.

„Не знам како да живеам без тебе“, напиша Дрена де Ниро.

„Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам и да ја ширам љубовта и светлината што ме направи да се чувствувам како твоја мајка….Беше добрина, прифаќање и љубов и не можам да верувам дека нешто од ова е реално. Сè направи подносливо и секој товар полесен. Не заслужи вака да умреш, но можам само да верувам дека на Бог му требаше силен и моќен ангел во неговата војска. Те чувам секој момент во моето срце и сеќавање додека не бидеме повторно заедно…“ – пишуваше низ солзи Дрена.

Се огласи и Де Ниро велејќи дека е „длабоко вознемирен“ и даде изјава, која ја објави списанието People.

„Молиме за приватност за да жалиме за загубата на Лео“, се вели во изјавата на Де Ниро.

Најпрво не беа откриени причините за смртта на Леандро де Ниро Родригез, но по многу гласини, медиумите како Дејли Меил истакнаа дека покрај неговото тело била најдена „бела материја слична на пудра“.

Друг медиум, ТМЗ, специјализиран за вести и гласини за познати личности, тврди дека младиот човек починал од предозирање, бидејќи покрај неговото тело имало траги од дрога и парафин.

Во последните неколку дена неговата мајка предизвика полемика на социјалните мрежи со порака која ја објавила па малку подоцна ја избришала, пишува Квин.

„До тој што му ги продаде на Лео дрогите со фентанил што ни го одзеде: Се надевам дека секој ден мислиш на мене и на моето семејство. Го уби“, напишала Дрена.

 

Слични објави

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо
Се вчитува....