6.8 C
Скопје
05:51 - 30 март, 2026

Оскаровката Гвинет Палтроу како златна божица: За својот 50-ти роденден позираше намачкана само со златна боја

Актерката Гвинет Палтроу се соблекла и се намачкала со златна пудра за тело за снимањето инспирирана од „Goldfinger“ во чест на нејзиниот 50-ти роденден.

– Знам само дека ме бојадисуваат со златна боја и дека морам да бидам гола. Се чувствувам толку добро што наполнив 50 години, а ова е израз на тоа чувство на енергија и оптимизам што го чувствувам – рече Палтроу на снимањето за нејзиниот бренд Goop.

Фотографот Ендру Ји ги снимил неверојатните фотографии, додека славната шминкерка Лоти имала задача да ја претвори Палтроу во „златна божица“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by goop (@goop)

– Мислам дека стареењето е всушност убава работа. Треба само да ги отвориме нашите перцепции. Како што станувате се повеќе од она што сте, во интегритет, вашиот живот навистина се отвора – рече актерката.

Пред роденденот, актерката на социјалните мрежи ги сподели своите размислувања за новиот период во животот.

– Моето тело е мапа на докази на сите денови… Збирка ознаки и неправилности кои претставуваат поглавја. Лузни од изгореници од рерната, одамна скршен прст во прозорецот, раѓање на дете. Сребрена коса и фини брчки. Сонцето ги остави своите небесни отпечатоци насекаде по мене – напиша оскаровката.

Прифаќам траги и опуштена кожа, брчки. Го прифаќам моето тело и се откажувам од потребата да бидам совршена, да изгледам совршено, да и пркосам на гравитацијата, логиката, да му пркосам на човештвото. Ја прифаќам мојата човечност – порача Гвинет.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....