7.8 C
Скопје
11:16 - 18 декември, 2024

Огњен Амиџиќ има здравствен проблем кој бара долго лекување: „Ми беше тешко да се откажам од лекот“

Популарниот водител на Пинк, Огњен Амиџиќ на сите им изгледа како безгрижен човек -секогаш е дотеран, комуникативен, расположен, насмеан. Да не зборуваме колку дамите го обожаваат и дека неговите две бивши, како и неговата сегашна сопруга Мина Наумовиќ се вистински убавици и успешни жени. Сепак, и покрај навидум слаткиот живот, Огњен Амиџиќ има здравствен проблем кој бара лекување.

Децениската напорна работа на телевизија и стресот од снимањето го земаат својот данок. Големиот притисок, трката по популарност и рејтингот, комуникацијата со ѕвездите, која не е секогаш лесна, на крајот го доведоа до исцрпеност, вознемиреност и анксиозност.

Огњен неодамна призна дека лекарите му препишале седативи, бидејќи поради хроничен стрес има проблеми со желудникот и цревата.

„Се трудам да бидам смирен. Искрено веќе не знам што сум. Искрено, пијам еден лек, затоа што ми беше препишан“, рече тој и додаде:

„Мене најмногу ми се одразува на цревата и на желудникот, веројатно несвесно таму ми се одразува нервозата од обврските и тензиите што ги имам, бидејќи се нешто се очекува, се нешто треба да се направи. Имам испрограмирани денови“.

Водителот и автор на најпопуларната емисија со години „Амиџи шоу“ призна и што најмногу го нервира во работата:

„Глупоста, бавноста, кога некој е здодевен. Кога некој нешто килави, развлекува, илјада пати ме прашува нешто“.

Како што вели самиот за себе, Амиџиќ е перфекционист, сака се да биде како што замислил, што дополнително му ја зголемува напнатоста и му создава здравствен проблем. А психолозите предупредуваат дека перфекционизмот, колку и да се цени како особина на работа, на крајот го доведува човекот до анксиозност и до физички тегоби.

Огњен Амиџиќ има здравствен проблем на кој предупредуваат многу лекари и психолози. Велат дека перфекционистите често не се ни свесни колку енергија непотребно трошат на планирање и оценување на она што сакаат да го направат или што веќе го направиле, што на крајот доведува до исцрпеност и напнатост.

Освен што е неопходна релаксација, лековите можат многу да помогнат. Огњен одамна бил советуван да ја намали напнатоста и да спие повеќе бидејќи му била дијагностицирана отпорност на инсулин, но сега кога Огњен и Мина очекуваат дете, тоа навистина нема да биде изводливо.

Инаку, не е тајна дека овој лек препорачан на водителот многумина кои гостувале во емисијата на Огњен, редовно го користат. Сепак, не секој има добро искуство со лекот. Така Рада Манојловиќ отворено призна дека станала зависна од терапијата која му била препишана и на Огњен Амиџиќ:

„Ми беше многу тешко да ги симнам апчињата. Би ги препорачала само како последно средство. На пример, ако изгубите член од семејството, навистина мора да ги користите за да ја ублажите болката“, изјави своевремено Рада и додаде: „Побарав совет од експерт. Првиот ден во ред, вториот ден – потење, третиот ден… Не можев да спијам. Тешко ми беше да се ‘симнам’ од тоа“, призна Рада.

Слични објави

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо

(Фото) Јубилеен 60. роденден: Маријана и Росана прославија на различни континенти!

Еспресо
Се вчитува....