13:36 - 12 ноември, 2026

Офицер од Скотланд Јард открива зошто принцот Хари барал заштита при посета на Велика Британија: Сериозни закани за Маган Маркл

Шефот на единицата за борба против тероризмот на Скотланд Јард, Нил Басу, кој во блиска иднина заминува во пензија, зборуваше за сериозноста на заканите што ги добила војвотката од Сасекс Меган Маркл. За пораките што ги добила сопругата на принцот Хари, тој зборувал во интервју за вестите на Канал 4, пренесува Гардијан.

На прашањето дали војвотката добила закани кои може да се сметаат за убедливи, тој одговори потврдно. „Апсолутно“ и потврди дека според реториката на заканите „ќе се чувствувате загрозени цело време“, рече Нил Басу.

Тој додаде дека службениците на Скотланд Јард ги истражувале заканите и отвориле кривични случаи во врска со нив.

Оваа изјава ја објаснува желбата на принцот Хари автоматски да добие полициска заштита при посетите на Велика Британија со неговата сопруга и неговите изјави дека не се чувствува безбедно во својата татковина.

Слични објави

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova
Се вчитува....