12:46 - 27 ноември, 2026

Од многу (љубов) не боли глава: Овие три хороскопски знаци ќе имаат бројни додворувачи оваа недела, меѓу нив и „духови“ од минатото

Астролозите ги именуваа хороскопските знаци од Зодијакот кои можат да ја најдат својата среќа во љубовта оваа недела.

Оваа недела (21 – 27) личниот живот можат да си го уредат Вагите, Скорпиите и Рибите. Првите двајца претставници на хороскопските соѕвездија ќе имаат среќа во емоциите уште на почетокот на годината, но нежните Риби ќе мора да почекаат уште малку – до викендот!

На Вагата, Скорпијата и Рибите нема да им недостигаат воопшто емоции кои оваа недела ќе ги добиваат од сите страни. Но, за Рибите тоа ќе бидат кармички партнери кои и понатаму ќе доживеат развој на односите.

Вагата и Скорпијата ќе имаат позитивни искуства и можности преку партнерства и врски да остварат големи проекти.

Додека кај Вагите љубота ќе доаѓа главно од нови личности, запознаени или од неодамна или лица кои ќе ги сретнат овие денови, кај Скорпијата ќе испливаат и „духови“ од минатото – односно може да очекуваат телефонски повик/или случајна средба со личност која некогаш во минатото многу им значела. Треба да се прашаат дали вреди да се втурнуваат повторно во старите емоции, оживувајќи ги, заедно со старите проблеми, или да започнат нови врски кои секако ќе им се отворат во најскоро време.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо
Се вчитува....