1.8 C
Скопје
08:18 - 25 декември, 2024

Од Летиција од Шпанија до Брижит Макрон, Џил Бајден и Елизабета Ѓоргиевска: Најдобрите модни изгледи на гала вечерта на самитот на НАТО

Шпанската кралица Летиција беше домаќинка на гала вечерта и пречека над четириесет шефови на држави и влади со нивните сопружнички во Кралската палата во Мадрид.

Самитот на НАТО што се одржува во Мадрид е во знакот на важни случувања во однос на идната рамнотежа во Европа. Самитот беше отворен со гала-вечерата што ја понудија кралот Фелипе и кралицата Летиција во чест на над четириесет лидери на западните земји кои (поголем дел од нив) дојдоа со своите сопруги/партнерки во шпанската престолнина. Свечена, но во исто време и пријатна гала вечер, која служеше за запознавање и дружење на шефовите на држави и влади пред официјалните состаноци овие денови.

Ревија на лидери и први дами

Пред вечерата, лидерите продефилираа во кралската соба на палатата за да се сретнат со шпанското кралско семејство. Можност за откривање на изгледот на гостите. Домаќинката на вечерта,  Летиција од Шпанија, се појави во сигурен и проверен моден избор –  фустан кој веќе го носеше во минатото и за кој собра своевремено бројни пофалби. Станува збор за црн фустан со тркалезно деколте, без ракави и миди здолниште украсен со машнички. Креацијата на The 2nd Skin, шпански бренд кој стана лидер во луксузната женска облека.

Сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез, Бегоња Гомез, го привлече вниманието по нејзиното пристигнување облечена во бисерно сив фустан Marcos Luengo: без ракави, етеричен и елегантен дизајниран од природна свила.

принтскрин

Урсула фон дер Лајен е сосема спротивна во тонот. Претседателката на Европската комисија се појави во црн костум, сако и панталони, со крој по мерка.

принтскрин

Модниот избор го сподели со првата дама на Соединетите држави, која дојде рака под рака со претседателот по денот поминат заедно со Летиција од Шпанија. Џил Бајден за оваа прилика избра беспрекорна бел комплет – сако и панталони – во стил на смокинг.

Поздравот меѓу американскиот претседателски пар и шпанското кралско семејство изгледаше како да е еден од најсрдечните на вечерта, знак дека има добро разбирање и покрај тоа што ова е прва официјална средба на четворицата.

принтскрин

Брижит Макрон беше меѓу најочекуваните на вечерта. И „премиерката“ на Франција не разочара во модниот избор. Рака под рака со сопругот, таа се претстави во сафирен сатенски фустан, со висока јака и надуени ракави.

принтскрин

На гала вечерта блесна премиерката на Исланд која пристигна сама.  Катрин Јакобсдотир стана премиерка на Исланд минатата година, а нејзината земја стана првата европска држава со женско парламентарно мнозинство. 33 од 63 пратенички места во Парламентот, или 52 отсто, ги добија жени.

Убавата млада премиерка пристигна облечена во син фустан со разигран шарен принт со миди должина и чевли со високи потпетици.

принтскрин

Тотално црвен елегантен изглед за сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, вклучувајќи ги и чевлите со високи потпетици и плик -чантичката.

Креацијата е на македонскиот моден дизајнер Никола Ефтимов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Voice of America (@voanews)

 

 

 

Слични објави

Хороскоп за 25 декември: Близнаците ќе имаат проблеми на работа, а еве кого го чека љубовен ролеркостер

Еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „На полноќ ќе испратам порака до мојата драга девојка која…“

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во станот на Лидија Вукичевиќ во кој вложи 200.000 евра: Книги, камин среде собата, новогодишни украси…

Еспресо

(Фото) Од сончевиот Мајами во снежна Србија: Српската старлета со метла го чистеше луксузниот автомобил

Еспресо

Вељко Ражнатовиќ врие од бес, итно му треба помош: „Пријави ја будалата“

Еспресо

(Фото) „Среќен Божиќ на онколошките пациенти“: Ведрана Рудан честиташе, а покажа и кој ѝ прави друштво

Еспресо
Се вчитува....