06:24 - 12 март, 2026

Облечен сум во Тему и не трошам на облека: Пејачот од „Ѕвездите на Гранд“ изненади

Пејачот Марио Арангеловски призна дека е облечен во гардероба од Тему, иако негов заштитен знак стана да ги прашува познатите колку чини нивниот аутфит.

Марио Арангеловски од Куманово ја започна својата музичка кариера во повеќе музички натпреварувања, како наши, така и регионални, како што се „Сите наши песни“ и „X-Фактор Адриа“, а учествуваше и на српското шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што најмногу се приослави.

Негов ментор во 2023 година беше Јелена Карлеуша, а откако излезе од натпреварувањето, талентираниот пејач изјави:

-Јас, на пример, после моето учество во „Ѕвездите на Гранд“ објавив песна на српски јазик. Еден куп квази патриоти ми се дрзнаа со неосновани критики.

Прво, им бодеше очи моето појавување во веќе споменатото шоу, демек било шунд, а потоа и мојата песна која е на српски јазик. Еве, сега објавив на македонски“.

Марио беше гостин во „Бекстејџ“ и негова задача сега беше да одговори на прашањето колку чини неговиот аутфит како што тој ги праша другите познати личности претходно:

-Не носам скапи брендови, ниту овде ги имаме, а кога патувам најмалце пари трошам на шопинг, така што, јас сум облечен моментално во Тему.

И ако тоа некому му се доапаѓа супер, ако не му се допаѓа, исто супер. Јас го носам, знам да го износам, и веројатно не би имал проблем ако тоа луѓе би го коментирале негативно. Јас сум бренд сам по себе“, рече Марио.

Фото/ Инстаграм

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....