17:59 - 31 март, 2026

Њујорк бара од СЗО да го преименува името на мајмунските сипаници „Ризик од расизам и дискриминација, како со СИДА-та и „кинескиот вирус“-Ковид“

„Ризик од расизам и дискриминација, како со СИДА и Ковид“
Градот Њујорк побара од Светската здравствена организација (СЗО) да го смени името на мајмуните сипаници, за да се избегне ризикот од расизам и дискриминација што би ги навело оние кои ќе се разболат да се изолираат наместо да бараат неопходен третман, пренесоуваат американските медиуми.

„Сè повеќе сме загрижени за потенцијалните разорни и стигматизирачки ефекти што пораките од вирусот мајмунски сипаници можат да ги имаат врз веќе ранливата заедница“, пишува претсатвникот за здравство во Њујорк, Ашвин Васан во писмо до директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Гебрејесус навести за можна промена на името уште во средината на јуни.

Според Васан оваа „терминологија“ е „вкоренета во расистичка и болна историја за афроамериканската заедница“.

Во писмото, Васан потсети и на негативните ефекти од лажните информации што се ширеа кога се појави вирусот СИДА и на епизодите на расизам против азиската заедница кога тогашниот американски претседател Доналд Трамп го означи Ковид-19 како „кинески вирус“.
„Продолжувањето да се користи терминот „мајмунски сипаници“ за да се опише актуелната епидемија може повторно да ги разгори овие расистички чувства, особено против црнците и другите обоени луѓе, како и против членовите на ЛГБТК + заедниците“, напиша тој.

Њујорк е најпогодениот град во САД од вирусот досега, со 1.092 случаи од почетокот на епидемијата, пренесува Анса.

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....