09:57 - 12 ноември, 2026

Нови тврдења за здравјето на Кејт Мидлтон: „Принцезата се предозирала со апчиња“

Поранешниот персонал на палатата вели дека Мидлтон се предозирал со апчиња за спиење вечерта на 28 декември и оттогаш не е видена.

Поранешни вработени во кралската палата, куќна помошничка и чувар тврдат дека Кејт Мидлтон паднала во кома откако испила прекумерна доза апчиња за спиење. Информацијата ја објавија бројни корисници на социјалната платформа Икс, поранешен Твитер.

„Во раните вечерни часови на 28 декември по чајот, ја најдовме онесвестена во нејзината соба и итно беше пренесена во болница. Никогаш повеќе не ја видовме“, откриле поранешните членови на персоналот кои се грижеле за кралскиот пар.

Од палатата се уште нема соопштение за оваа прилика, што дополнително ги подгрева гласините, бидејќи многу брзо реагираше на првите наводи од ваков тип. Станува збор за тврдењата на шпанската новинарка Конча Калеха која уште во јануари во популарната информативна програма Фисета обелодени дека принцезата од Велс е во кома. Но, во нејзината верзија, Мидлтон се нашла во коматозна состојба по операција на абдоменот, односно поради компликациите што ја придружувале.

– Лекарите во тој момент мораа да донесат драстични одлуки поради компликациите кои настанаа – рекла новинарката повикувајќи се на извор од болницата во која била оперирана принцезата.

– Одлуката беше да ја стават во индуцирана кома. Мораа да ја интубираат. Имаше сериозни компликации, кои не ги очекуваа бидејќи операцијата помина добро, но постоперативниот период не помина толку добро. Животот на Кејт беше во голема опасност по операцијата и практично целата болница беше на нозе – изјави новинарката чиј извештај го пренесоа речиси сите шпански медиуми.

Слични објави

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо
Се вчитува....