10:45 - 12 ноември, 2026

(Фото) Живеат одвоено, но заедно се смеат: Џенифер Лопез и Бен Афлек пак уловени заедно по гласините за развод

Пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек повторно беа забележани заедно по гласините за развод. Фотографиите од парот беа објавени на веб-страницата на Дејли меил.

54-годишната Џенифер Лопез и 51-годишниот Бен Афлек беа фатени од папараците вчера, на 19 мај, во Брентвуд. Пејачката и актерот го напуштија театарот Аеро и се упатија кон својот автомобил. Во автомобилот славните се насмевнаа на папараците но и заедно се смееа на нешто што си зборуваа. Новинарите забележале дека Бен Афлек повторно ја ставил бурмата на рака.

Минатата недела инсајдер изјави дека Џенифер Лопез и Бен Афлек имаат сериозни проблеми во врската. Наводно, актерот неодамна се иселил од нивната куќа која вреди околу 60 милиони долари. Во исто време, изворот истакна дека актерот не е виновен за нивниот раздор.

„Можеби ќе треба да го продадат домот од соништата што го бараа две години. Тие никогаш нема да престанат да се сакаат, но таа не може да го контролира, а тој не може да ја промени. Невозможно е ова да продолжи“, рече инсајдерот.

Неодамна Џенифер Лопез почна да бара свој луксузен дом поради проблеми во бракот. Според новинарите, актерката вршела проверка на луксузни недвижности. Славната личност беше придружувана од нејзината пријателка, продуцентката Елејн Голдсмит-Томас.

Претходно, новинарите на американските таблоиди пишуваа дека Бен Афлек е уловен како се среќава со поранешната сопруга без венчален прстен.

Летни среќници: Два хороскопски знаци кои ќе направат многу пари ова лето

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....