7.8 C
Скопје
19:56 - 30 март, 2026

Нови проблеми за Алек Болдвин: Тужен од членовите на филмската екипа „Раст“ за посттрауматско стресно растројство!

Тројца членови од филмската екипа „Раст“ изјавија дека фаталното пукање во 2021 година на кинематограферот Халина Хачинс им нанело и физичка и психолошка штета. Додека Алек Болдвин се соочува со тешки обвиненија за неговото ненамерно убиство, повеќе правни проблеми се натрупуваат и ја отежнуваат работата.

Случајната смрт на Хачинс, која беше убиена додека работела на сетот на „Раст“ во октомври 2021 година, поттикна тројца од 150-те членови на екипажот да поднесат тужба против Алек Болдвин. Операторот на камерата, Рос Адиего, сценографот Доран Кертин и светло-мајсторот Рис Прајс го обвинуваат Болдвин за невнимателно однесување и намерно нанесување емоционална вознемиреност.

Предлогот за тужба беше поднесен во петокот во државниот суд во Ново Мексико. Тужителите пријавиле дека го виделе истрелот и се здобиле со „експлозивни повреди“ од силниот звук на пиштолот што избувнал во малата капела.

Рос Адиего, еден од тројцата членови кои ја поднесоа тужбата, се грижеше за режисерот Џоел Соуза, кој беше повреден од оружјето. Додека Доран Кертин  бил еден од првите луѓе кои брзале да и помогнат на Хачинс, пробувајќи да сторат нешто околу истрелот во нејзиниот абдомен.

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....