8.8 C
Скопје
10:40 - 31 март, 2026

НОВИ НАУЧНИ ОТКРИТИЈА: Овој зачин е делотворен против шеќерна болест, го намалува лошиот холестерол, делува на психата…

Пикантаната намирница ја поттикнува и работата на мозокот, ја подобрува концентрацијата, помага во визуелното помнење и брзината на реагирање.

Древната примена на циметот како лек го разбуди интересот и на современата медицина за овој зачин. Во поново време направени се многубројни научни истражувања со кои се дошло до воодушевувачки откритија.

Така, на пример, се открило дека циметот е многу делотворен против шеќерна болест зашто со секојдневна конзумација од само половина лажичка цимет, за околу 25 отсто се намалува нивото на шеќер во крвта.

Активната состојка на циметот позната под името MHCP,  го имитира инсулинот, ги активира неговите рецептори и делува заеднички со него во клетките, намалувајќи го така нивото на шеќер во крвта. Многу обезни луѓе патат од зголемено ниво на шеќер во крвта, што за последица се јавува силен напад на глад. Циметот и тука помага: го намалува нувото на шеќер и лошиот LDL холестерол во крвта, па така помага и во слабеење.

Исто така, научно е потврдено дека циметот спречува преголемо згрутчување на крвта, кое може да има штетно делување.

Освен тоа, циметот го намалува нивото на мастите односно на лошиот холестерол и триглицеридите во крвта, а со тоа и ризикот од срцеви заболувања и заболувања на крвните садови.

Циметот поседува својство на сопирање на растот на бактериите, вклучувајќи ја и проблематичната бактерија Кандида.

До необично откритие научниците дошле и проучувајќи го деллувањето на циметот на психата.

Истражувањата покажале дека повремено вдишување на цимет и нане ја зголемува будноста зад воланот и ја намалува анксиозноста или чувството на фрустрираност кога возачот секојдневно со автомобил поминува исти релации. Дополнително, пикантниот мирис на цимет ја поттикнува работата на мозокот, ја подобрува концентрацијата, визуелното помнење и брзината на реагирање.

Слични објави

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....