8.8 C
Скопје
06:32 - 20 февруари, 2026

Нови црни податоци за нашата планета: Арктикот се загрева речиси четири пати побрзо од глобалниот просек

Глобалното затоплување предизвикано од климатските промени го погоди Арктикот многу позначајно отколку што се мислеше, велат финските научници.

Според новото истражување на научниците од Финскиот метеоролошки институт во Хелсинки, арктичкиот регион се загреал речиси четири пати побрзо од глобалниот просек во последните 43 години.

Според научникот Мики Рантанен Некои области на Арктичкиот Океан се загреале седум пати побрзо од планетата како целина. Климатските модели досега го прецениле ефектот на таканаречената поларна амплификација.

Минатите студии покажаа дека Арктикот се загрева двојно побрзо од другите области, додека работната група на Арктичкиот совет со седиште во Тромсо, Норвешка, објави во март 2021 година дека зголемувањето на просечната температура на Арктикот помеѓу 1971 и 2019 година изнесувал 3,1 степени Целзиусови, и околу три пати повеќе од глобалниот просек.

Финските научници ги припишуваат повисоките бројки на силното и постојано затоплување на Арктикот, но и на дефиницијата за Арктикот – целата област која се наоѓа во арктичкиот круг, како и на фактот дека тие собирале податоци од 1979 година – годината кога подеталните сателитски снимки станале достапни.

Според научниците, степенот на поларното засилување е последица на климатските промени предизвикани од човековата активност, како и природните долгорочни климатски флуктуации. Двата фактори силно зајакнале во текот на изминатите 43 години, велат тие.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....