8.8 C
Скопје
19:23 - 30 март, 2026

Нови бранувања: Првата советничка на Меган Маркл си даде отказ пред емитување на документарецот „Хари и Меган“

Еден од клучните помошници на принцот Хари и Меган Маркл дала отказ неколку дена пред премиерата на нивната документарна серија, пренесува Дејли меил.

Мандана Дајани (40) се повлече од функцијата претседател на фондацијата Арчевел на војводите од Сасекс по година и пол управување. Според новинарите, Дајани важела за една од најважните советници на Меган Маркл и принцот Хари, бидејќи имала одлични врски во американските медиуми.

Нејзиното неочекувано повлекување доаѓа три дена откако на интернет беше објавен трејлерот за документарната серија „Хари и Меган“, чии први епизоди ќе бидат прикажани на платформата Нетфликс на 8 декември 2022 година.

„Мандана Дајани беше составен дел од Арчевел и ние сме благодарни за нејзината страст за нејзината работа. Нема да има замена за нејзината позиција бидејќи војводата и војвотката сега целосно ќе ја преземат нивната компанија. Тие се разделија во пријателски односи и г-ѓа Дајани ќе продолжи да ги поддржува Меган и Хари во сите нивни напори“, рече во изјавата Ешли Хансен, портпаролка на војводите од Сасекс.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....