11.8 C
Скопје
12:57 - 5 март, 2026

Николија и Реља првпат се појавија во јавност по скандалот: „Засекогаш заедно“

Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ викендов првпат се појавија заедно во јавноста по скандалот, на еден хуманитарен настан во Белград. Во екот на гласините за наводен развод, двојката цело време се држеше за рака, со што јасно ги демантираше шпекулациите што кружат.

– Засекогаш заедно – било сè што кратко изјавил Реља, пренесуваат медиумите, во контекст на приказните дека Николија претходно престанала да го следи на општествените мрежи.

Да потсетиме, Јовановиќ и Поповиќ неодамна се најдоа во центарот на вниманието поради тврдењата дека тој наводно имал афера со учесничката во реално шоу Анита Станојловиќ.

Запрашана за тоа, мајката на Николија, пејачката Весна Змијанац, неодамна изјави дека „од сето тоа нема ништо“.

– Реља да ја изневерил Николија? Ма, тоа не постои. Тој ја сака својата сопруга и децата повеќе од сè. Никогаш не би си дозволил таков чекор, па дури и да е Синди Крафорд. Тоа нема врска со вистината, нема никакви докази – изјави таа во една пригода.

Слични објави

(Фото) Анета Љумаковска објави нови детали од љубовта со Рубин

Еспресо

Емотивно раскажа за покојниот свекор: Ова е снаата на Саша Поповиќ која стана мајка

Еспресо

(Фото) Ивона Јо со емотивна порака за сопругот: „Ми покажа како изгледам низ неговите очи“

Еспресо

(Фото) Сè уште изгледа одлично! Синот на Лепа Брена објави фотографија од пејачката без шминка

Еспресо

Се огласи Марјана Станојковска по седумката на лото која се падна по две години

msp-admin

Прва прослава во семејството без него: Саша Поповиќ не дочека да го запознае своето прво внуче

Еспресо
Се вчитува....