04:30 - 20 февруари, 2026

Никој не сака да ја купи вилата на Бен Афлек и Џенифер Лопез: Ја сметаат за малерозна

Мега-замокот на Бен Афлек и Џенифер Лопез во Бел Ер, Калифорнија, кој парот го купи по една година потрага за речиси 61 милион долари, е на пазарот достапен за продажба. Сепак, во текот на третата недела од достапноста за продажба, никој не е особено заинтересиран за него, пишува TMZ.

Двојката ставила цена за вилата 65 милиони долари, што е четири милиони повеќе од неговата првична цена. Оваа сума ги зема предвид поправките и реновациите што беа направени на куќата по нејзиното купување.

Ниту Џенифер ниту Бен не сакаат да живеат во својот луксузен дом поради различни причини. Според упатените, Лопез смета дека вилата со 12 спални соби е преголема за неа, а на Бен воопшто не му се допаднала бидејќи е далеку од неговите деца, кои живеат во Брентвуд со нивната мајка Џенифер Гарнер.

Кога парот беше на разгледување на домови за нив, тие посетиле повеќе од 80 имоти за да го најдат совршеното место за живеење за нивното големо семејство (сметајќи на децата од претходниот брак на Џеј Ло и децата од претходнот брак на Афлек). Сега пак, тие го најмиле агентот Сантијаго Арана да го продаде нивниот дом од соништата. Тој досега имал неколку претставувања на имотот на различни богати клиенти, но се уште никој не пројавил интерес да го купи.

Според новинарите, Лопез веќе бара нов дом за неа, а Афлек изнајмува куќа во Брентвуд околу еден месец, плаќајќи 100 илјади долари месечно кирија. Но, тој сега живее, како што отсекогаш сонувал, на само неколку блока од Гарнер.

Продажбата на куќата беше уште еден доказ дека на ѕвездите, кои се венчаа во јули 2022 година, не им оди најдобро во бракот. Тие веќе не кријат дека сè меѓу нив се влошува. Дури и за семејни настани, Џенифер Лопез и Бен Афлек пристигнуваат и заминуваат одделно.

Психолозите веќе ги изнесоа своите верзии зошто таквата љубов, се чини, завршила толку грдо. Пријателите на пејачката го обвинија актерот за себичност, а познатата ТВ водителка ја нарече Лопез многу непријатна личност.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....