4.8 C
Скопје
10:21 - 15 ноември, 2024

Никогаш нема да ѝ прости: Како Меган Маркл ѝ „забранила“ на Кејт Мидлтон последен пат да ја види кралицата на умирање

Во новата книга насловена „Нашиот крал“, биографот од Виндзор зборува за тоа како Меган ѝ оневозможила на Кејт последен пат да ја види Елизабета додека била на умирање.

Дискусијата меѓу кралските фанови се разгоре околу новите детали за смртта на покојната кралица минатиот септември.

Откриено е дека Кејт „насобрала лутина“ откако морала да остане во Англија за да ги спречи Хари и Меган да патуваат заедно во Шкотска. Во спротивно, сопругата на принцот Вилијам ќе го придружувала во Балморал. И тешко ѝ е воопшто да ѝ прости на снаата за таквата неправда.

Кралскиот биограф Роберт Џобсон во својата нова книга „Нашиот крал“ пишува дека Чарлс им рекол на двете снаи да останат дома, објаснувајќи дека присуството на сопругите во таков тежок момент е „несоодветно“. Кетрин била затечена тогаш како вози додека ги земала своите деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, од училиште на денот кога беше објавено дека кралицата е „врзана“ за кревет во семејниот шкотски замок. Многумина сфатија дека следните часови би можеле да бидат последни за нејзиното височество.

Чарлс и Камила беа присутни во моментот на смртта на Елизабета, заедно со принцезата Ана и лекарот на монархот, професорот Сер Хју Томас, попладнето на 8 септември. Принцот Вилијам, принцовите Ендру и Едвард и неговата сопруга Софи, грофицата од Весекс, исто така, беа видени како пристигнуваат на шкотскиот имот.

Подоцна им се придружил и принцот Хари, но, како што се испостави подоцна, веќе беше доцна и тој немаше време да ја види жива баба му. Се верува дека војводата од Сасекс бил страшно вознемирен од оваа околност.

Џобсон пишува дека и идната кралица очајно сакала да биде во Балморал поради топлиот однос со нејзиното височество. Сепак, поради војводите од Сасекс тоа не се случило.

„Хари инсистираше Меган да дојде со него во Шкотска бидејќи животот на кралицата се гасеше, но кралот рече дека само децата и внуците треба да бидат со кралицата“, пишува кралскиот биограф. Според Роберт, Чарлс го замолил принцот Вилијам да не ја носи Кејт со себе, бидејќи „ако не дојде Кетрин, нема да може ниту Меган да дојде, оттуга било искажано во множина – сопругите не треба да бидат присутни“.

„Приватно, тој сакаше да каже дека Меган не е добредојдена, но тоа не можеше да му го каже на Хари, па тој лично се вмеша и ја замоли Кејт да застане настрана за Меган да сфати дека е исклучена“, вели Џобсон. Кејт намерно се држеше настрана, но очајно сакаше да биде блиску до кралицата во последните моменти. Тоа многу ја заболе Кејт, и предизвика револт кон Меган“.

„Двата кралски парови беа фотографирани заедно неколку дена по смртта на кралицата додека ги поздравуваа ожалостените насобрани луѓе пред замокот Виндзор. Иако на почетокот на прошетката се гледаше како на покажување на единство, биографот напишал: „Кетрин подоцна му признала на постар член на кралското семејство дека, поради непријателството меѓу двата пара, одењето заедно било една од најтешките работи што таа ги направила некогаш“.

„Сепак, во блиска иднина, принцезата од Велс нема да мора да го трпи друштвото на војвотката од Сасекс. Бакингемската палата објави дека принцот Хари сам ќе присуствува на крунисувањето на својот татко. Соопштението на палатата потврдува дека Меган ќе престојува во Калифорнија за време на историскиот настан на 6 мај заедно со нејзините две деца, принцезата Лилибет и принцот Арчи, кој на тој ден има роденден“.

Слични објави

(Фото) „Или јас или дрогата!“: Девојката на Лијам Пејн пред смртта му поставила ултиматум

Еспресо

(Фото) Модел на „Плејбој“ била интимна со него: „Го прашав Дикаприо зошто ги остава девојките штом наполнат 25 години, неговиот одговор ме шокираше!“

Еспресо

Хороскоп за 15 ноември: Рибите ќе сакаат да доминираат во љубовната врска

Еспресо

Кеба е шокиран: Ќерката на фолкерот се враќа во Србија после 16 години и ќе објави нова песна

Еспресо

Јована Јеремиќ проговори за бременоста: Водителката откри како ќе ѝ се вика синот!

Еспресо

Драгана Мирковиќ се огласи за „кавгата“ со Цеца: „Така треба да се однесуваат колешки меѓу себе!“

Еспресо
Се вчитува....