12.8 C
Скопје
04:41 - 8 септември, 2026

„Никогаш не сме виделе вакво нешто“: „Хари и Меган“ откриваат дека Саманта Маркл била меѓу главните кои ги координирале нападите против парот на социјалните мрежи

Една од главните теми на документарецот на Нетфликс за Хари и Меган е злоупотребата со која се соочила кралската двојка од медиумите, како и од социјалните мрежи. Но, во изненадувачкото откритие, еден од најголемите извори кои јавно шират лаги против парот на социјалните мрежи е полусестрата на Меган Маркл, Саманта.

За време на 5-та епизода на Хари и Меган, се покренува истрага спроведена од група наречена Бот Сентинел, и откриено е дека од студијата на преку 114.000 твитови, 70% од нив потекнуваат од само 83 профили на Твитер кои ги координирале нападите против парот заедно со ширењето лаги. Откриле и дека Саманта сама имала 12 такви профили.

„Никогаш не сме виделе вакво нешто“, објасни Кристофер Бузи, извршен директор на Бот Сентинел во документарецот, додавајќи дека повеќето од онлајн троловите што ги идентификувале биле вистински луѓе, а не ботови, кои биле претежно средовечни бели жени. Меѓу нив, една од најгласните корисници била постарата сестра на Маркл.

„Саманта Маркл беше дел од групата која ширеше многу од овие дезинформации. На Саманта и беше суспендиран профилот“, рече Бузи.

Адвокатот на Саманта Маркл одговори на „обвинувањата“ велејќи дека профилот на Саманта всушност никогаш не бил суспендиран, туку бил „хакиран“, што резултирало со креирање на „измамнички профили“ од трети лица за да ја клеветат.

Иако се чини дека моментално не е активна на Твитер, Саманта Маркл продолжи да се појавува како гостин на конзервативната, десничарска британска телевизија GB News и редовно зборува против нејзината полусестра. Таа се појави минатата недела за да разговара за првиот дел од документарецот, тврдејќи дека наводите изнесени во првите три епизоди за неа и нивниот татко Томас Маркл се „сите лаги“.

Слични објави

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо
Се вчитува....