3.8 C
Скопје
22:55 - 20 декември, 2024

Никогаш не бројат калории: Зошто Кинезите не се дебелеат?

Кинезите многу сакаат да зборуваат за тоа како одредена храна е добра за здравјето, да го споделуваат знаењето што се пренесува од генерација на генерација, а честопати и неповикани ќе понудат совет за тоа дека некоја личност би требало да јаде повеќе од еден вид храна отколку од друг, но никој некогаш не разговара за храната во смисла на нејзината калориска вредност.

Во Кина, на храната ѝ се дава големо значење, а храната не е извор на грижа, туку на големо уживање. Кинезите уживаат во сите видови храна, од планирањето или чекањето на оброкот, до подготвувањето или изборот на различни јадења и уживањето во нив, па се присетуваат на оброкот. Кинезите ја балансираат својата исхрана, му угодуваат на непцето и ги оставаат древните кинески начела да ги водат кон целосниот и вкусен начин на исхрана. Нивната тајна се темели на едноставни и осмислени принципи: храната закрепнува и лекува, а не се смета за извор на несакани калории.

Тајната на витоста

Скенирајте го менито во вашиот локален кинески ресторан и ќе пронајдете десетици јадења фокусирани на месото – пилешко, портокалово говедско месо, двапати пржено свинско месо. Но, не залажувајте се. Повеќето Кинези што живеат во Кина, не јадат такви јадења – со фокус на месото.

Со векови, од економски и од историски причини, традиционалната кинеска исхрана била првенствено вегетаријанска – со многу зеленчук, ориз и соја – и содржи само струготини од месо за арома.

Нивните традиционални јадења ги сочинуваат оризот, рибата и зеленчукот. Кинезите покрај тоа се и „светски прваци“ во пиењето чај наместо слатки сокови. Посебно е здрав улонг (oolong), чај што се смета за убиец на маснотиите.

Кинезите секогаш јадат во друштво и полека. Размислуваат за тоа што внеле во своето тело. Пијат зелен чај што го ублажува гладот и сонливоста.

Според кинеските обичаи, киселите јадења се јадат напролет, горчливите налето, лутите наесен, солените во зима, а слатките – секогаш. Храната отсекогаш ја сечеле на парчиња, а задолжителен е и контрастот во јадењата – меките и мазните состојки се комбинираат со тврдите и крцкавите.

Храната се приготвува брзо, на пареа, за да се зачуваат природните својства на состојките, токму како и нивниот вкус и мирис. И најскромниот оброк мора да се состои од неколку јадења. Колку луѓе има на масата, толку различни јадења треба да бидат послужени.

При приготвувањето на храната, важно е да се исечат сите состојки на еднаква големина за секој рецепт како што е во него наведено. Силниот оган е неопходен во кинеската кујна. Притоа, никогаш немојте да го пржите зеленчукот подолго од три минути.

Кинезите ја приготвуваат храната во вок, длабок сад од тефлон со округло тло и користат малку масло.

Кинески препораки за виталност

– Ритамот на секојдневниот живот во Кина започнува со лесни утрински вежби во паркот, а луѓето од сите возрасти играат бадминтон.

–  Курсевите по танц често се одржуваат под надвозник, а не е невообичаено да се сретнат луѓе што трчаат наназад (за да го стимулираат мозокот)

– Медитираат во стоечка положба

– Пијат зелен чај што го ублажува гладот и ја спречува сонливоста

– Избегнуваат да јадат ручек „од нога“

– Повеќето семејства вечераат околу 18 часот или порано

– Кинезите секогаш јадат во друштво

– На деловните состаноци се служат ореви за кои се верува дека му помагаат на мозокот бидејќи му се слични по изгледот

– Кинеската исхрана се базира на свежо набрани намирници

– Тие јадат бавно и размислуваат за тоа што внесуваат во своето тело

– Кинескиот оброк нема главно јадење, јадењата се служат случајно и така непцето се спасува од здодевност

– Во Кина не поминува ден да не се слушне прашањето „дали веќе сте јаделе“?

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....