13:36 - 2 април, 2026

Нежен гест на Џенифер Гарнер (поранешната на Афлек) за Бен и Џенифер Лопез: Условите за сложно големо семејство се тука!

Актерката им честитала на парот за венчавката и испратила подарок. 

И по свадбата на Џенифер Лопез и Бен Афлек пристигнуваат подароци од многубројни пријатели на парот, но и од обожаватели ширум светот. Но стигна и едно изненадување. Подарок од поранешната сопруга на Бен Афлек, Џенифер Гарнер, известува Холивуд Лајф, кој го објавува убавиот гест што Гарнер го направила кон младенците.

Џенифер Гарнер им „честитала на Бен и Џеј Ло по нивната венчавка во Лас Вегас и им испратила прекрасен букет цвеќе“. Потег кој не ја остави рамнодушна Џеј Ло, која била трогната од таквата добрина на глумицата.

„[Џ.Ло] мисли дека е одлично што Џен и Бен се уште се толку блиски“, вели изворот за Hollywood Life. Всушност, откако Бен и Џен се разделија, тие работеа напорно за да одржуваат добри односи додека ги воспитуваа своите три деца, Вајолет (16), Серафина (13) и Семјуел (10). „Џен официјално ја пречека Џеј Ло во нивното семејство откако се венчаа“, рече изворот, додавајќи дека актерката од „Алијас“ мисли дека Џеј Ло и Бен требало да бидат заедно. Не само тоа: „Џен ја почитува Џеј Ло како жена и како мајка. Таа го цени начинот на кој Џеј Ло се грижи за нивните деца исто како што се грижи за нејзините“. Условите за сложно големо семејство се тука.

 

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....