19.8 C
Скопје
17:29 - 21 октомври, 2026

Почина глумицата Пет Керол, ќерките до јавноста: „Ве молиме почестете ја со смеа“

Познатата актерка Пет Керол, позната по гласот на Урсула во „Малата сирена“ на Дизни, почина во саботата на 30 јули во својот дом во Кејп Код, Масачусетс, додека се опоравуваше од пневмонија. Имаше 95 години.

Дерек Маки, претставникот на Керол, ја потврди нејзината смрт. Според Маки, таа починала додека покрај неа била нејзината најдобра пријателка. Керол зад себе ги остави своите деца Кери Карсијан и Тара Карсијан и внуката Еван Карсијан-Меккормик.

Добитничка е на наградата Еми за нејзината улога во „Куќата на Сид Цезар“ во 1956 година. Актерката ветеранка (85) ја освои и наградата Тони за нејзината изведба во филмот „Fences“ на Август Вилсон.

Долги години работеше со Ширли Темпл.

Ќерката на Керол, Тара Карсијан, на Инстаграм напиша: „Со тешко срце пишувам дека мајка ми, Пет Керол, почина на длабока старост од 95 години. Ве молиме да ја почестите со смеење на што било денес (и секој ден понатаму) затоа што покрај нејзиниот брилијантен талент и љубов, таа ни го остави мене и на сестра ми Кери, најголемиот подарок од сите, хуморот и способноста да се смееш…и во најтажните моменти“.

Бројни глумци од постарата генерација се опростија на социјалните мрежи со брилијантната глумица.

Слични објави

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

apostolova

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо
Се вчитува....