09:10 - 2 април, 2026

НЕВРЕМЕ и во Скопје: Славчо Попоски предупредува на интензивни дождови

– Поради влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, но и поради големата енергија во Атмосферата, денес во попладневните и во вечерните часови, како и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Поради ваквата состојба препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ. И во Скопје и околината ќе има услови за локално НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со локална појава на град. Услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во деновите по утрешниот ден.

Сепак и покрај најавата за силно невреме, тропските горештини и понатаму ќе се задржат во Македонија, па така температурите како денес , така и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо
Се вчитува....