14:37 - 11 ноември, 2026

Нетфликс забрани прашања за Бен Афлек: Џенифер Лопез во промотивна турнеја на филмот „Атлас“

Популарниот стример Нетфликс стави вето на прашањата за личниот живот на актерката по промотивниот трејлер во Мексико Сити.

Нетфликс одлучи да интервенира во деликатните прашања од новинарите за Џенифер Лопез која моментално е ангажирана во промотивната турнеја на нејзиниот нов филм Атлас. Стримерот реши да ги забрани прашањата за личниот живот на актерката по она што се случи во Мексико Сити, кога новинар побара од Џеј Ло информации за наводната криза со нејзиниот сопруг Бен Афлек.

Лопез нема да учествува во интервјуа „еден на еден“ и ќе присуствува само на групни промоции со остатокот од актерската екипа. Обидот на Нетфликс е да избегне тензични ситуации како онаа што се случи оваа недела и затоа има воспоставено упатства кои претставниците на медиумите кои ќе мора да ги следат.

Пред некоја вечер во Мексико Сити, за време на прес-конференцијата на која Лопез учествуваше заедно со остатокот од актерската екипа, еден новинар ѝ се обрати на ѕвездата со несоодветно прашање: „Дали вашиот развод со Бен Афлек е реален? Овие гласини се реални, нели? Која е вистината?”. Поп-ѕвездата реагираше студено додека нејзината колешка Симу Лиу се вмеша, обидувајќи се да ја пренасочи дискусијата: “Да не зборуваме за ова. Ви благодарам многу, дечки, ви благодарам многу. Ве молам, да не носиме ваква енергија”, рече Лиу.

Џенифер Лопез пак, студено го искара новинарот потсетувајќи го дека не смеел да го постави тоа прашање. По оваа случка Нетфликс јасно ги поставила своите правила на однесување од страна на новинарите.

Гласините за наводен развод меѓу Бен Афлек и Џенифер Лопез се појавија минатата недела, кога папараците открија дека Бен Афлек го напуштил домот на парот во Беверли Хилс и се преселил во изнајмена куќа во близина на Џенифер Гарнер, поранешната негова сопруга со која има три деца. Анонимни извори информираат за „InTouch Weekly“ дека парот е на пат кон развод. Во моментов двојката не дава официјални изјави на оваа тема.

(Фото) Бен Афлек се пресели во дом во непосредна близина на Џенифер Гарнер: Плаќа 100 000 долари месечно кирија

 

Слични објави

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо
Се вчитува....