9.8 C
Скопје
11:09 - 30 март, 2026

Необична случка во домот на Марјан Коцев: Сопругата на пејачот ја отвори душата

Необично нешто се случило за Нова година во домот на фолк-пејачот Марјан Коцев и неговата сопруга Билјана, со која има две деца, Дуња и Данило.

Во интервју за „Женски магазин,“ сопругарта на Коцев, Билјана во детали ја раскажа целата случка.

-2017 год Марјан после 25 години кариера првпат немаше ангажман за новогодишната ноќ, и беше пресреќен што ќе биде дома со нас (тогаш ја имавме само Дуња, Данило не беше роден), и ќе славиме со соседите Нова година.

Дента отиде во маркет на пазарење, и се сеќавам дека го донесе пола маркет дома мислејќи дека ќе се случува забава до бесвест. А претходната ноќ со истите соседи бевме во кафена каде Марјан пееше, и ние речиси и прославивме таа ноќ на 30.12 Нова Година.

Вечерта за 31.12, дојдоа соседите, ние мамурни, освен Марјан, бидејќи беше многу возбуден дека е дома, и околу 23 часот сите поспани, Дуња почна да се жали дека ја боли запче, и почна многу да плаче.

Па, така ни пропадна цела новогодишна домашна забава, а Мацо се сеќавам како вчера да беше, рече „Оваа година останав дома, и никогаш повеќе, ако вака се слави не фала, барем ќе одам ќе забавувам други луѓе некаде, со вас забава нема”(се смее)- рече Билјана Коцева на која Марјан често ѝ посветува љубовни статуси на Фејсбук.

Слични објави

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо
Се вчитува....