23:28 - 6 ноември, 2026

Неда Украден се присети на Денот на младоста: Југославија беше земја без граници

На денешен ден, 25 мај, во Социјалистичка Федеративна Република Југославија составена од шест републики: Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, се славеше Денот на младоста.

Пејачката Неда Украден се присети на тоа време и на Денот на младоста, кога низ поранешната држава се организираа прослави. Во разговор за српските медиуми зборуваше и за распадот на Југославија, но, како што вели, спомените на убавите времиња и понатаму живеат во нејзината музика.

„Југославија е земјата во која сум родена, во која пораснав и во која живеевме околу 40 години среќно, во смисла на некаква сигурност. Освен тоа, нашиот пасош и самото тоа што бевме Југословени предизвикуваше почит во сите околни земји. Мојата прва помисла и сеќавање на Југославија е дека тоа беше земја без граници. Пазар со повеќе од 20 милиони луѓе. Продажбата на плочи, касети, посетеноста на концертите, популарноста – сето тоа беше навистина немерливо во споредба со денешното време… Но Југославија ќе ја паметам и по начинот на кој се распадна, по тие трагични и болни моменти по кои многумина жители на тогашната држава ја паметат. Изгледа дека тоа била некоја лоша легура кога се распадна. Но, секако, тоа беше време на младост, студии, школување, патувања, на што човек секогаш се сеќава со носталгија“, се присети Неда Украден.

Пејачката потоа зборуваше за учеството на бројни фестивали, како во Југославија, така и во дијаспората, каде што стекнувала слава и популарност. Сите фотографии и снимки од тоа време одамна не се кај неа.

„Сето тоа ми остана во Сараево. Целата моја биографија, библиографија, сѐ. Снимки, фотографии, аудиоснимки и VHS-касети. Сѐ заврши во ѓубре. Но спомените остануваат. Нив ги овековечив во мојата автобиографија „Зора је сванула“, бидејќи пишував токму за тоа. Тоа е нешто со кое многу се гордеам, а малкумина знаат за тоа. Сѐ помалку има луѓе што воопшто се сеќаваат на тоа време и кои како сведоци можат да напишат и кажат нешто за него.“, рече Неда за српски Курир.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....