16.8 C
Скопје
16:19 - 25 септември, 2026

Хари Мата Хари за детството: „Татко ми ме украде од болница во вреќа за да ми го спаси животот“

Хајрудин Варешановиќ, легендарниот фронтмен на групата „Хари Мата Хари“, во едно искрено интервју отворено зборуваше за своето раѓање во Сараево, детството поминато во култната населба Вратник, како и за годините кои ја одбележаа неговата богата музичка кариера.

Пејачот ја сподели неверојатната приказна дека неговиот татко, веднаш по раѓањето, буквално го грабнал од болницата поради суровите зимски услови во Сараево на почетокот од 1960-тите години. Според неговите зборови, во клиниката тогаш воопшто немало греење, па многу новороденчиња тешко се разболувале или умирале. Од огромен страв за животот на својот син, татко му го ставил во вреќа и тајно го однел дома, пренесува магазинот „Heute“.

Хари израснал на сараевски Вратник, кварт кој го опишува како креативното срце на градот. Тој посочи дека од овој дел на Сараево потекнуваат и Горан Бреговиќ и Емир Кустурица. Љубовта кон музиката ја стекнал во најраното детство, бидејќи неговиот дедо бил познат изведувач на севдалинки, па во нивниот дом постојано се пеело и се свирело.

За училишните денови признава дека не бил особено добар ученик, бидејќи настапите на прославите и настаните му биле многу поважни од домашните задачи. Со насмевка се присетува на тие денови и вели:

„Без Хари немаше ниту една училишна приредба“.

Од патувања во комбиња до балканска слава

Групата „Хари Мата Хари“ е основана во 1958 година и брзо прерасна во еден од најголемите поп-состави на просторот на поранешна Југославија. Како посебно успешен се издвојува албумот „Ja te volim najviše na svijetu“, кој се продаде во стотици илјади примероци.

Сепак, и покрај огромниот број концерти ширум поранешната држава, Хари тврди дека на почетокот немало многу пари. Наместо луксуз, тоа биле денови поминати во долги возења во комбиња, евтини хотели и маратонски турнеи. За време на војната во Босна бендот привремено се распадна, а Хари со семејството се повлече во Словенија, пред триумфално да се врати на сцената на крајот од 1990-тите.

Зборувајуќи за денешната музичка сцена, тој искрено признава дека на естрадата нема многу искрени пријателства.

„Естрадата денес е само една голема фабрика и сурова продукција“, заклучува славниот пејач.

Слични објави

„Агонијата трае 15 години“ — Гоца Тржан првпат му одговори на Иван Маринковиќ за ќерката Лена

E.A.

Ана Бекута искрено за односот со Цеца Ражнатовиќ – откри зошто ја отследила од Инстаграм

Еспресо

(Фото+видео) Наташа Беквалац до зори го славеше 46. роденден – меѓу гостите беше Пријовиќ која ѝ запеја на славеничката

Еспресо

Ова се новите евровизиски претставници: Лила Филиповска ги најави двата нови албума на „Бендот на браќата Нуне“

М. Џ.

Моминска вечер што ќе се памети – Резервирајте термин во Villa Diva и прославете со стил

Еспресо

(Видео) „Би сакал да ги кријам партнерите но не ми успева“: Сергеј Варошлија искрено за љубовта

Еспресо
Се вчитува....