20.8 C
Скопје
16:59 - 11 октомври, 2026

Најголемиот хит на Рада Манојловиќ бил наменет за друга пејачка: „Уредно си платив, не можев да верувам што ми се случи“

Пејачката Ивана Шашиќ откри дека еден од најголемите хитови на Рада Манојловиќ, песната „Никада више“, првично бил наменет за неа. Како што тврди, таа уредно ја платила нумерата, но по сплет на околности завршила кај друга пејачка.

Ивана вели дека уште во 2007 година со авторот Драган Брајовиќ Браја договорила купување на три песни, меѓу кои била и „Никада више“, за која издвоиле дури 5.500 евра.

– Ја платив песната која заврши кај некој друг. Договорот беше да земам три песни, а за една дадов 5.500 евра. Тоа беше во 2007 година. Браја ми ја испрати песната, сè уште ја имам демо-снимката. Во меѓувреме останав бремена, а потоа заминав во Виена – изјави Ивана за Хајп.

Најголемиот шок дошол кога сосема случајно на телевизија ја слушнала својата, како што вели, веќе платена песна во изведба на Рада Манојловиќ.

– Гледам телевизија и ја гледам Рада Манојловиќ како ја пее мојата песна „Никада више“. Не можев да верувам што ми се случи. Никој не ме извести, никој не ме праша, ниту ми кажа дека песната оди кај неа. Да не ја платев, па да речеш – во ред, но вака… Волкот го изеде магарето – изјави пејачката пренесе Гранд.рс.

Слични објави

(Видео) Андрија Милошевиќ ги стопи срцата на сите со видео од дома: Неговиот син го снима и се смее на глас

Еспресо

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

Нова диплома за Марија Панчева: Ќерката на Маја и Дарко го заврши и вториот факултет

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо

Тијана Дапчевиќ: Најголемата заблуда е дека имам дрво од кое берам пари

Еспресо
Се вчитува....