04:08 - 2 ноември, 2026

Владо Јаневски низ насмевка ја опишуваше свадбата на Каролина Гочева: „Гледам 600 луѓе, од кои 598 не ги познавам. Шок и паника.“

Каролина Гочева се прости од својот драг пријател Владо Јаневски чие заминување ја потресе македонската јавност споделувајќи заеднички фотографија со него и со емотивни зборови му кажа последно збогум:

„Владе мој. Збогум со мојата најомилена песна од тебе… и никогаш нема да заборавам…“, напиша Каролина и ја сподели песната „Не заборавај да се сетиш на мене“.

Пред неколку години на гостувањето во емисијата „Еден на еден“ Владо Јаневски откри дека кон Каролина Гочева и кон Калиопи чувствувал посебна блискост и раскажа интересна анегдота поврзана токму со нив.

„Каролина ја сакам најмногу на свет. Неа и Калиопи. Тие ми се посебна слабост на естрадата. Секогаш сум бил тука за нив, за дружба и за сè“, раскажа Владо.

Потоа се присети на денот кога Каролина го поканила на нејзината свадба со уметникот Михаил Корубин во 2017 година.

„Ми рече: ‘Жити мене, знам дека не одиш по свадби, ама те молам, ради мене дојди на мојата свадба.’ Како сестра да ме канеше.“

Во исто време му се јавила и Калиопи.

-Ми рече: „Ајде бе брат, немам со кого да одам на свадбата кај Каролина. Биди ми ‘дејт’, да не се појавам сама“. се присети тогаш пејачот на молбата на Калиопи.

Поради љубовта и почитта кон двете пејачки Јаневски ја прифатил поканата и одлучил да оди на свадбата на Каролина.

Свадбата се одржувала во голем хангар, со црвен тепих и стотици гости.

„Влегов внатре и одеднаш гледам околу 600 луѓе, од кои 598 не ги познавам. Шок и паника.“

Како што раскажа низ смеа тоа едноставно не можел да го издржи.

-На Калиопи ѝ реков: „Оди честитај, јас си одам дома.“ Се свртев и си заминав.

Така и направил. Го оставил подарокот и без да ѝ се јави на Каролина си заминал.

Кога подоцна ѝ кажале на Каролина дека дошол, го оставил подарокот и си заминал без да лично да ѝ честита, таа само кратко прокоментирала „Таков е Владо… што да правиме.“

Владо и Каролина заедно ја изведуваа песната „Љубовта е моја религија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....