3.8 C
Скопје
18:59 - 18 декември, 2024

НАЈДОБРИТЕ ЛУЃЕ ВО БРИТАНИЈА: Брачен пар згрижиле повеќе од 600 деца за 56 години брак

баба и дедо

Брачен пар кој згириле повеќе од 600 деца во Велика Британија, одлучиле да се пензионираат по 56 години, пренесува „Дејли Мејл“.

81-годишната Паулина и 86-годишниот Роџер Фитер од Јужен Сасекс, со години одгледуваат деца како згрижувачки родители. Тие се договориле на почетокот на бракот дека ќе помогнаат на деца на кои им е потребна љубов и грижа.

Тие имаат и четири сопствени деца, меѓу кои и едно што го посвоиле. Двајцата одгледале 620 деца за 56 години брак, иако велат дека по 600 престанале да бројат.

деца

Тие додаваат дека едно лето имале дури 11 деца со себе, и бидејќи немало повеќе место во куќата, направиле уште една во дворот, за да можат сите да се сместат.

„Роџер со години се шегуваше дека кога ќе се врати од работа, ги брои рацете на масата, со цел да провери дали дошол некој нов“, вели Паулина.

Жената пред да започне да се посвети на згрижувачката мисија, работела како медицинска сестра и уште од мали нозе знаела дека сака да воспитува деца.

деца

„Родена сум во 1940 година, татко ми пет години беше во војна. Го запознав дури кога заврши војната, иако знаев многу деца чии татковци никогаш не се вратија. Тоа ми остави голем впечаток“, раскажува таа.

На 19-годишна возраст, Паулина одлучила да го посвети својот живот на одгледување деца кои останале без родители.

„Сакав што е можно помалку од нив да бидат во сиропиталишта и да ја почувствуваат топлината на домот и да се чувствуваат сакани“, вели таа.

дете

Со згрижување на деца почнале да се занимаваат уште во 1965 година, кога згрижиле едно бебе три дена пред Божик.

„Имаше само 10 недели, боледуваше од бронхитис. Тогаш, само дојдоа, ни го зедоа детето и го дадоа на друго семејство за посвојување. Таа прва вечер, кога јас и Роџер останавме без неа, седевме цела ноќ до местото каде што спиеше, ни беше многу тешко“, раскажува Паулина.

Една од причините зошто престануваат да вдомуваат деца е и бирократијата, која како што велат, сега е многу покомплицирана отколку порано. Порано било доволно само да се каже дека сакаат дете, меѓутоа, сега тој процес може да потрае повеќе од девет месеци.

баба и дедо

Брачната двојка чува фотографии од сите деца што поминале низ нивниот дом, како убаво сеќавање, и како што откриваат, тие се во контакт со голем дел од нив.

„Најтешко ми беше кога во мај се збогував со последното бебе, затоа што знаев дека веќе нема да доаѓаат кај мене повторно. Најчесто кога некое дете ќе го одведат на посвојување, јас ја чистам собата и се подготвувам за следниот домаќин, меѓутоа, тоа веќе го нема“, вели Паулина.

деца

Директорот на Центарот за социјална работа, Даниел Рокс, за медиумите изјави дека никогаш во кариерата не сретнал толку добри луѓе како Паулина и Роџер.

„Нивниот труд и желба да им помогнат на децата е неверојатен. Нивната љубов и посветеност влијаеа врз животот на повеќе од 600 деца. Не можеме да им се заблагодариме доволно за сè што направија за нас во овие 50 години“, вели директорот.

Слични објави

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо
Се вчитува....