07:15 - 3 септември, 2026

На својата голема љубов Владо Јаневски ѝ напишал песна за пет минути: „Седни кај нашата река и замижи“

Владо Јаневски во една прилика откри како настанала песната „Откако си негова“, која ѝ ја посветил на неговата голема љубов.

– „Откако си негова“ ја напишав за пет минути, по излегувањето со мојата тогашна девојка на Треска. Отидовме на Матка, на еден излет, пред дваесетина години со… со мојата тогашна девојка. И толку еден убав ден поминавме на Матка. И кога се вратив, ми дојде текстот од „Откако си негова“. „Седни кај нашата река и замижи“. Тоа е реката Треска… Треска, кај Матка“, рече тој во емисијата „Еден на еден“ во 2023 година.

-И знам, се сеќавам дека од сите текстови што сум ги напишал во животот, имало подобри, помалку добри, ама ова е еден од добрите кој ми излегол како некој да ми диктирал одозгора. Го чувам ливчето на кое сум ја пишувал, во него нема ни една чкртаница. Значи, како што излегло, тоа ми е единствен текст каде што ни едно зборче не сум сакал да променам. Тоа не се случува никогаш“, рече Владо Јаневски во емисијата.

Наспроти леснотијата со која ја создал „Откако си негова“, Владо раскажа дека хитот „Дома си е дома“ го пишувал три години.

-„Дома си е дома“ е пишувана три години. Зборче ваму, зборче таму… Првата строфа е на аеродром во Москва, каде што го пропуштив авионот за Македонија. И толку ми беше мака. Веќе се видов во Скопје, кај мајка ми дома, гушнат после две години, и јас го пропуштам авионот. И јас од мака што веќе во Скопје бев отиден со главата, седнав и се сеќавам дека напишав строфа. Ама една строфа. После тоа, бев во друга земја, на некоја железничка станица, ми излезе втората строфа. И така се влечеше „Дома си е дома“ три години, три строфи“, рече чаирскиот романтичар.

Слични објави

(Видео) „Каде е мојот сопруг?“ Наташа Беквалац блесна во бел фустан и направи хаос

Еспресо

(Видео) Ќерката на Дарко Лазиќ ужива во последните летни денови: Малата Срна во базен ги освои сите

Еспресо

(Фото) Ќе се изненадите кога ќе го видите таткото на Бојана Лазиќ: Изгледа како нејзин брат

apostolova

Драгана Мирковиќ за најтешкиот период во животот: „Не можев да се враќам дома, тоа беше пекол за мене“

Еспресо

(Фото) Девојката на Лазар Ристовски отишла „под нож“, еве како изгледа сега

Еспресо

(Фото) Ава Карабатиќ во прегратка на новиот пријател – покажа кој ја прави среќна сега

Еспресо
Се вчитува....