13:49 - 27 ноември, 2026

(Фото) Зорица Брунцлик го прослави 71. роденден во раскош – голема торта и розеви балони насекаде!

Легендарната пејачка Зорица Брунцлик го прослави својот 71. роденден со раскошна прослава, а дел од атмосферата сподели и со своите следбеници на Инстаграм.

На фотографијата што ја објави, во преден план се наоѓа голем црвен балон во форма на срце со златниот натпис „З & К“, иницијалите на Зорица и нејзиниот сопруг, Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш.

Најголемо внимание, сепак, привлече роденденската торта на повеќе ката. Несекојдневниот десерт е изработен во форма на луксузен карусел со златни коњчиња и богати декоративни детали, а во подножјето е украсен со свежи рози во розови, црвени и портокалови нијанси.

Целиот амбиент бил дополнет со голем лак од розови, црвени и бели балони, од кои дел го носеле натписот „Happy Birthday“.

Screenshot

Пејачката ја објави фотографијата со музичка подлога од својата позната песна „Све је љубав“, а во описот им се заблагодари на сите што ѝ испратиле честитки.

„Ви благодарам на сите за прекрасните желби“, напиша Брунцлик, додавајќи три емотикони со црвено срце.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....