19.8 C
Скопје
18:16 - 11 октомври, 2026

На Шарлиз Терон ѝ е преку глава: „Ме тераа да се пресоблекувам во филмовите за да бидам посексапилна“

Холивудската актерка Шарлиз Терон гласно и јасно порачува дека и е преку глава од мажите кои и го диктираат нејзиниот моден избор на малите и големите екрани.

Актерката, која треба да глуми во хитовите на Нетфликс „The Old Guard 2“ и „The School For Good and Evil“, се присети на искуството со неименуван режисер за кого рече дека ја терал да пробува повеќе костими, а сето тоа во обид да ја сексуализира неа и нејзиниот лик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlize Theron (@charlizeafrica)

„Посебно се сеќавам на еден филм, тој машки режисер кој само ми носеше костими и бараше да се преслекувам по стопати. Беше толку очигледно дека тоа е поврзано со со мојата сексуалност и колку ќе изгледам сексапилно во филмот. Кога почна, тоа стана норма“, изјави таа за Harper’s Bazaar.

Терон признала и дека од почетокот на кариерата ја нервираат мажите кои одлучуваат што ќе облече.

„Да немаш апсолутно никаква контрола врз тоа што го носиш е голема работа што навистина ме нервираше со години. Да имаш некој тип да те тера да се преслекуваш пред сите, тоа е навистина омаловажување“, рече актерката, на која и пречело што околу модните комбинации не можело ни да се разговара, туку само и давале некој костим и и велеле: Ова ќе го носиш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlize Theron (@charlizeafrica)

Слични објави

Нова диплома за Марија Панчева: Ќерката на Маја и Дарко го заврши и вториот факултет

Еспресо

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ ги стопи срцата на сите со видео од дома: Неговиот син го снима и се смее на глас

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо

Тијана Дапчевиќ: Најголемата заблуда е дека имам дрво од кое берам пари

Еспресо
Се вчитува....