13:34 - 7 ноември, 2026

На Северина ѝ прети затворска казна до три години: Направила кривично дело поради закани

На пејачката Северина Вучковиќ поради наметливо однесување и закани наводно и се заканува затворска казна.

Имено, обвинителството во Загреб наводно потврдило дека Северина Вучковиќ го сторила кривичното дело наметливо однесување и се соочува со казна затвор до три години.

Северина пред две години испратила заканувачки пораки до директорката на училиштето во кое учи нејзиниот син, Љиљана Клингер, а пораките гласеле:

„Би те задавела со раце бабо“, „Стара, куца, грда баба“, „Ќе седиш и ќе трепериш и ќе се тресеш како кривонога како што се тресев јас“.

Љиљана потоа поднела кривична пријава против пејачката до Државното обвинителство на Република Хрватска, а по мејл му се обратила на министерот Давор Божиновиќ, кому меѓу другото му напишала:

„Сериозно се плашам за мојата безбедност, Ве молам помогнете ми за, наместопредупредување на госпоѓата, да не испратиме телеграма со сочувство“.

Северина во меѓувреме била пријавена и од Гордана Буљан Фландер, поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади во градот Загреб, поради заканувачката и наметлива содржина што ја испраќала, откако пејачката ја обвинила, заедно со над дваесет други лица, за усложнување на процесот за добивање старателство над нејзиниот син.

Потоа полицијата издала известување во кое пишувало:

-Полициски службеници на полициската управа во Загреб завршија кривична истрага против 50-годишна жена поради сомнение дека сторила прекршок опишан во член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир на штета на вработен во Центарот за социјални работи Загреб, а обвинението по редовна процедура ќе биде доставено до Општинскиот прекршочен суд во Загреб“, јавува српски Блиц.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....