16.8 C
Скопје
13:28 - 18 октомври, 2026

Конечно се огласи Петар Грашо: Ја сакаше Данијела 24 години, а таа сега љуби друг

Дека во љубовта се е можно и дозволено докажаа Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ. Се сакаа 24 години, и иако не стапија во брак, изгледаа како пар кој ништо не може да го разниша. Сепак, од причини кои никогаш не ги открија во јавноста, решија да продолжат понатаму во различни насоки. Пејачот набрзо стапи во врска со 15 години помладата Хана Хуљиќ , со чиј татко долго време другарувал и соработуван, а набрзо се венчале, потоа станале родители, додека Данијела извесен период беше сама.

Поради се што се случи набрзина со новата љубов, многумина мислеа дека Петар ја напуштил Данијела, а набргу по свадбата на Грашо се дозна дека тој воопшто не го иницирал раскинувањето.

– Зошто ти е жал за Данијела, таа го остави Петар – напиша на Инстаграм кумот на популарниот пејач, Дино Раѓа.

Каков однос има денес Грашо со неговата поранешна љубов, Данијела.

– Не сум во кавга со никого. Секогаш сме во добри односи – неодамна одговори пејачот за хрватско Стори на прашањето каков однос има со Данијела.

Сплитската пејачка не се експонира многу во јавноста по раскинувањето, а сега откри дека конечно го нашла вистинскиот со кој ги дели истите вредности и поглед на животот. Станува збор за полицијаецот, односно инспектор по криминал, Јосип Плавиќ (49), кој има страст кон музиката, а вака се запознале двајцата.

– Првата средба се случи пред околу една година, кога адвокатот преку интернет во мое име поднесе пријава за кражба на идентитет – изјави Данијела за хрватска Глорија.

-Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, гледишта за животот и светот околу нас, па дури и некои соништа.

– Кога најнеобичните околности ќе спојат двајца апсолутни странци, кои дотогаш не знаеле ништо еден за друг, тогаш секако дека ќе ви текне дека тоа би можело да биде филмско сценарио. Поминуваме многу убави моменти за кои во иднина секако ќе се изразам литературно бидејќи сакам оваа приказна да остане регистрирана – истакна пејачката.

А многмина се прашуваат како сега се чувствува Петар Грашо? Каква е неговата реакција?

Иако не даде никакви изјави, тој на својот Инстаграм објави дел од настапот каде ја отпеа песната „Сакам и постојам“, а многумина претпоставуваат дека тоа има врска со неговата поранешна љубов.

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....