9.8 C
Скопје
14:45 - 31 март, 2026

На Сандра Булок може да ѝ биде одземен Оскарот: „Одредени настани во филмот се лажни“

На 59-годишната американска актерка Сандра Булок може да ѝ биде одземен „Оскарот“, кој го доби за улогата во биографскиот филм „Невидливата страна“ од 2009 година, пишува TMZ.

Американскиот рагбист Мајкл Охер, за кого е снимен филмот, изјави дека одредени настани во филмот се прикажуваат лажно. На пример, семејството Туохи кое е прикажано на филот дека го повоило спортистот, всушност, не го посвоило. Тој тврди дека семејството заработило доволно пари од проектот, а самиот Охер не добил ништо.

Булок ја играше улогата на жената која го посвои Охер – Ли Ен Туохи, а Квинтон Арон го глумеше рагбистот, и тој сега ја брани Сандра Булок и обвинувањата против неа ги смета за несоодветни.

Семејството Туохи пак, тврдат дека Мајкл Охер се обидел да побара од нив 15 милиони долари отштета пред да ги даде на суд.

Несогласувањата всушност се ескалирани до таму што од филмската Академија се бара на Булок да ѝ биле одземен Оскарот што го доби за оваа улога.

 

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....