9.8 C
Скопје
12:45 - 1 април, 2026

На погребот на Туџман дојдоа само Орбан и Демирел, се пожали хрватскиот претседател

Кога тие ќе летаат со комерцијален авион, тогаш ќе летам и јас – вака одговори хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на прашања на новинарите во врска со неговото присуство на погребот на англиската кралица Елизабета Втора во Лондон, пишува Индекс.хр.

„Секако дека ќе одам со комерцијалната линија бидејќи хрватскиот авион веќе четири месеци е на ремонт. Авионот да беше достапен, ќе одев со државен авион. Така треба, така треба да летаат хрватските претседатели и премиери. Тоа е правило, тоа мора да го научиме. Хрватска има само еден авион, така што – тоа што го имате со тоа летате“, вели Милановиќ.

За присуството на погребот на кралицата Елизабета Втора, некои светски лидери како американскиот претседател Џо Бајден бараат посебен третман во однос на патувањето, иако се препорачува да се оди со комерцијални летови и приватни автобуси.

„Одам на погребот на кралицата, но никој не дојде на погребот на Туѓман. Државите го паметат тоа, британската кралица почина на должност, како и хрватскиот претседател… И мојот претседател умре, па ми дојдоа само Орбан и Демирел. А, како ќе летам тоа е моја работа“, изјави Милановиќ.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....