17:29 - 10 ноември, 2026

Опра Винфри мета на критики поради „раздорот“ во кралското семејство: „Таа го започна ова“

Познатата водителка изненади многумина со својата изјава за кралското семејство.

Опра Винфри ја окарактеризира неодамнешната смрт на британската кралица Елизабета Втора како можност семејството да се смири.

Многумина ја сфатија нејзината изјава како алудирање на врската на Меган Маркл и принцот Хари со кралското семејство.

„Мислам дека ситуацијата е слична во многу семејства. Знаете, татко ми почина неодамна и кога сите се собравме на неговиот погреб, тоа на некои им даде прилика да се смират, шанса каква што долго немале“, напиша Винфри на Твитер.

Опра минатата година направи ексклузивно интервју со Меган и Хари, кога тие искажаа шокантни тврдења за нивните односи со семејството.

Корисниците на социјалните мрежи ова не ѝ го заборавија, па бурно реагираа на нејзината објава.

„Зарем Опра заборави дека сето ова таа го почна? Можеби едно извинување би било посоодветно“, „После твоето интервју гневот меѓу браќата само се зголеми“, „Зарем навистина имаш образ сега да даваш коментари, кога ѝ даде простор на Меган да плука по кралицата“…- се само некои од негативните коментари на Твитер.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....