8.8 C
Скопје
18:48 - 31 март, 2026

На ништо не личите: Наум Петрески ептен се налути, а се вмеша и Круме Спасовски

Наум Петрески луто се огласи на својот Фејсбук профил со остри критики- пејачот не штедеше зборови.

-Значи тотално ги уништивте сите стари хитови од ’85 та наваму, ама им влеговте и на старите македонски песни и мислите дека сте ги отпеале подобро од оригиналот или некој така ви рекол.

Всушност многу непријатно и неправилно ги пеете и неправилно се отсвирани, демек ќе смените нешто. Па, вас ако ве бивало ќе сте направеле свои песни и немаше да се китите со туѓи перја.

Да имаше постабилна држава ова лудило ќе се забранеше,  на ништо не личите. Толку од мене, препорака самите да си створите иднина.

Не чекајте други да направат песна а вие да се докажувате со неа“, објави Наум Петрески на својот  Фејсбук профил. На оваа побјава имаше многу коментари, е еден од нив е и на познатиот пејач Круме Спасовски, кој ја испеа легендарната „Чудна жена беше Вера“.

Фото/ Фејсбук

-Ред беше да и се каже дека е потребно да се престане со етно не знајковци и расипување на убавата Македонска песна браво НАУМЧЕЕЕЕ“, напишал Круме Спасовски.

 

Слични објави

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо
Се вчитува....