17:08 - 8 ноември, 2026

Сопругата на Халид Бешлиќ излезе од болница: Еве каква е состојбата на Сејда, само три дена пред погребот на пејачот

Многумина беа шокирани од веста за смртта на пејачот Халид Бешлиќ, кој почина на 72-годишна возраст, а набрзо се дозна дека и неговата сопруга Сејда е во болница.

Сега е откриено дека Сејда е отпуштена од болница.

„Да, таа е отпуштена од болница. Фала му на Бога, сè е во ред, се подобрува“, изјавил за „Блиц“ пријател на синот на Халид.

Инаку, додека лежеше во болница, Халид ја објави својата последна песна, посветена на неговата најголема љубов, неговата сопруга Сејда, со која беше во брак 48 години. Песната е напишана во соработка со музичарот Александар Милиќ Мили од групата „Милиграм“, а текстот го напиша Фахрудин Пецикоза. Објавена е на 11 септември.

Халид ја запознал својата сопруга пред да стане популарен музичар, а таа беше негова најголема поддржувачка во текот на целиот негов живот, и беше покрај него кога доживеа тешка сообраќајна несреќа во 2009 година.

Слични објави

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.
Се вчитува....